Кои награди ги добија македонските вина на оценувањето на Decanter World Wine Awards?
Објавено во: Економија 15 Јуни, 2016 17:28
Најценетото светско оценување на вина Decanter World Wine Awards ги прогласи лауреатите за 2016 година, при што признанија има и за македонските вина.
Македонија доби пет бронзи за Tikves, две за Domaine Lepovo и Stobi, препораки за Tikves, Bovin, Popov, Stobi, а по една за Chateau Kamnik и Ezimit.
Заклучокот е дека моментално во светот се модерни млади и свежи вина. Српските вина добија 35 признанија и препораки, а тука спаѓаат и пет сребра за винаријата Александровиќ 2, Алексиќ, Ѕвонко Богдан и Моловин.
Кога вкупно ќе се погледне Бугарија има девет сребра, Србија пет, Црна Гора има три бронзи.
Романија зема едно злато и три сребра.
Хрватска покрај винаријата Вералда, која имаше успех , нема злато.
Унгарците од осум злата седум го добија за Токај, а Словенците од четири злата добија две за слатки вина и две бронзи.
Стручњаците велат дека бербата 2015 била одлична, но за да се испратат млади вина на едно вакво оценување е вистинска храброст.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




