05 Декември, 2025
0.0710

Кои производители на автомобили создаваат најсигурни мотори?

Објавено во: Стил 28 Јули, 2013 17:40

Добивај вести на Viber

Сигурноста на механичките компоненти за повеќето купувачи игра клучна улога за време на избирањето на новото возило, а тука пред сè се мисли за квалитетната работа на моторот. За ситуациите во кои моторот откажува не треба секогаш да се обвинува произведувачот. Понекогаш неодговорното однесување на возачот за време на употребата и/или одржувањето на автомобилот го зема својот данок. Сепак, списокот од 10 произведувачи на најсигурни и најнесигурни мотори, кои британската осигурувачка куќа "Warranty Direct" го донесува секоја година, во предвид го зема само просекот. Истражувањето спроведено на 50.000 полиси на нови автомобили покажа загрижувачки податоци за сопствениците на германски возила. Имено, ако го занемариме кинескиот MG Rover кој засега се продава само на британскиот пазар, помеѓу првите 10 се најдоа Audi, MINI во сопствеништво на BMW, BMW и Volkswagen. Не сите Германци според Warrantu Direct, се подеднакво несигурни - Mercedes се најде на листата на најсигурни мотори и тоа на третото место веднаш позади Honda и Toyota. Во продолжение погледнете го списокот на најсигурни и најнесигурни мотори со зачестеност на расипувањето во процентот и број на автомобили. 10 произведувачи на најнесигурни мотори Произведувач, зачестеност на расипувањето (%), зачестеност на расипувањето (1 од х) 1. MG Rover, 7,88 %, 1 oд 13 2. Audi, 3,71 %, 1 oд 27 3. MINI, 2,51 %, 1 oд 40 4. Saab, 2,49 %, 1 oд 40 5. Opel, 2,46 %, 1 oд 41 6. Peugeot, 2,26 %, 1 oд 44 7. BMW, 2,20 %, 1 oд 45 8. Renault, 2,13 %, 1 oд 46 9. Volkswagen, 1,91 %, 1 oд 52 10. Mitsubishi, 1,70 %, 1 oд 59   10 произведувачи на најсигурни мотори Произведувач, зачестеност на расипувањето (%), зачестеност на расипувањето (1 од х) 1. Honda, 0,29 %, 1 oд 344 2. Toyota, 0,58 %, 1 oд 171 3. Mercedes-Benz, 0,84 %, 1 oд 119 4. Volvo, 0,90 %, 1 oд 111 5. Jaguar, 0,98 %, 1 oд 103 6. Lexus, 0,99 %, 1 oд 101 7. Fiat, 1,17 %, 1 oд 85 8. Ford, 1,25 %, 1 oд 80 9. Nissan, 1,32 %, 1 oд 76 10. Land Rover, 1,38 %, 1 oд 72

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: