17 Мај, 2024
0.0374

Кои се 5 причини заради кои ИД ја држи на нишан Европа?

Објавено во: Свет 24 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Експлозијата во Брисел покажа дека Исламска држава ја држи на нишан Европа, за што има повеќе причини, пишува весникот Тајм. 1. За терористичките напади имаше подготвен терен. Се почна во пролетта 2014 година кога француски државјанин поврзан со ИСИС  пукаше во Еврејскиот музеј во Брисел. Потоа следеше нападот на весникот Шарли Ебдо и нападите есента во Париз, кога загинаа над 185 луѓе. ИСИС организираше над 75 напади во 20 земји, без да се сметаат Ирак и Сирија. Освен за Блискиот Исток, ИСИС станува закана за светот. 2. На некој начин Европа стана база за врбување на борци за ИСИС. Од 2012 до 2015 година повеќе од 400 луѓе од Белгија заминале во Ирак и Сирија, да се борат на страната на ИСИС. За истиот период од Франција заминале 1200 луѓе. На овој начин Париз и Брисел станаа градови од каде заминуваат милитанти. 3. Мигрантската криза не престанува  и неа ИСИС ја користи за врбување. Во 2015 година во Европа стигнале над милион  бегалци, а само оваа година 135.000. Кризата со мигрантите е одлична можност да се направи раздор меѓу Западот и муслиманите. Многу од лидерите кажаа дека ќе прифаќаат само бегалци христијани. 4. ИСИС го користи расколот во Европа. Ангела Меркел, германската канцеларка конечно постигна договор со Турција, ветувајќи им безвизен режим. По нападите во Брисел, европјаните негодуваат затоа што ќе можат Турците да се шетаат непречено по Европа. Некои лидери веќе бараа враќање на внатрешните граници во ЕУ. Тоа може да стави точка на шенгенот и да го доведе во прашање целиот европски проект. 5. Европа ја ослабнува и референдумот за Велика Британија, и ако оваа земја излезе од ЕУ, тоа ќе го стави под знак прашалник постоењето на ЕУ. Лидерите на ИСИС имаат многу можности да ја дестабилизираат Европа.

Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра