06 Јануари, 2025
0.0233

Кои се банкарските менаџери кои постигнаа успех на нашиот банкарски пазар?

Објавено во: Економија 26 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

УНИБанка од почетокот на годинава доби нов менаџмент кој, според официјалните податоци, излезе дрим тим. Со доаѓањето на Хаџидинев кој заедно со Делчо Крстев и подоцна и со Милка Тодорова како екипа, лани имаат најголеми процентуални растови на кредитирањето воопшто, но и во двете подкатегории: корпоративно и во банкарство на мало. Како и најголем процентуален раст на вкупните средтства.

УНИБанка имаше фантастична година лани. Во остра конкуренција на 13 деловни банки , младиот и високо образован кадаруспеа да оствари најголем процентуален раст за кредитни пласмани и најголем процентуален раст на вкупните средства. Новиот менаџмент  за една година постигнаисториски успех за банка со средна големина.

Што постигна УНИ Банка?

Владислав Хаџидинев, Делчо Крстев и Милка Тодорова успеаа лани да остварат најголем процентуален раст на вкупните средства од 25,6 % во однос на 2017 година. Во пари тоа е 67 милиони евра повеќе од претходната година, а нивото е 330 милиони евра. Пазарното учество на крај на 2018 година било 4 отсто, а растот за една година е 0,5 отсто. Овој резултат го оствари осмопласираната банка по вкупен капитал во конкуренција на 15 банки.

Можеби и поголем успех е најголемиот процентуален раст на кредитното портфолио. За една година новиот менаџерски тимуспеа да го зголеми кредитното портфолио за 27,5 отсто што е резултат над сите очекувања. Станува збор за 49 милиони евра пласирани во кредити. Овој резултат го зголеми пазарното учество на УНИБанка за 0,7 отсто во позиционирањето кај кредитите до пазарно учество од 4,3 отсто. 

 Убедливо најголем резултат е растот на УНИБанка во кредитирањето на сегментот банкарство на мало (се освен корпоративни клиенти н.з.). Тука банката има раст на портфолиото од 30,2 отсто во споредба со 2017 година. И во овој сегмент пазарното учество е зголемено за 0,9 отсто, а оваа банка држи 6,1 отсто од пазарот. И тука УНИБанка е на шесто место веднаш по најголемите пет банки на македонскиот пазар.

Најголем раст УНИБанка има и кај подкатегоријата корпоративни кредити каде зголемувањето е за 21,1 отсто во однос на 2017 година. Пазарното учество пораснало за 0,4 отсто до 2,7 отсто од целиот колач.

Битката за најголем раст на депозитната база УНИБанка лани во мртва трка ја водела со „Еуростандард банка“ која успеала да го земе приматот за 0,2 отсто. Имено „Еуростандард“ има раст од 20,4 отсто,а УНИ Банка од 20,2 отсто

Како лани работеше УНИБанка?

Нето приходите од камати лани достигнале 12,15 милиони евра и тие пораснале за повеќе од 10 отсто во однос на 2017 година. Исто и нето приходите од провизии и надоместоци. Пораснале за повеќе од 10 отсто до ниво од 2,2 милиони евра. Нето добивката е 4,37 милиони евра и е за 11 отсто поголема ов претходната година.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАКВА БИЛА СОСТОЈБАТА НА АВТОПАТОТ СТРАЦИН-КРИВА ПАЛАНКА: Николоски вели немало ставено асфалт

ЕВЕ КАКВА БИЛА СОСТОЈБАТА НА АВТОПАТОТ СТРАЦИН-КРИВА ПАЛАНКА: Николоски вели немало ставено асфалт

ОТКАКО УКРАИНА ГО ЗАПРЕ ТРАНЗИТОТ НА РУСКИОТ ГАС: Турција нуди енергетска поддршка на Европа

ОТКАКО УКРАИНА ГО ЗАПРЕ ТРАНЗИТОТ НА РУСКИОТ ГАС: Турција нуди енергетска поддршка на Европа

САД, ГЕРМАНИЈА, ИТАЛИЈА: Кои десет земји складираа најмногу злато?

САД, ГЕРМАНИЈА, ИТАЛИЈА: Кои десет земји складираа најмногу злато?

И ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО ЕУ РАБОТАТ: Во некои земји од задоволство, во други поради потреба од финансии

И ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО ЕУ РАБОТАТ: Во некои земји од задоволство, во други поради потреба од финансии

„НЕ МОЖЕ ГЕРМАНИЈА ДА ОТПУШТА 70.000 РАБОТНИЦИ, А КАЈ НАС СЀ ДА БИДЕ ТАМАН“ - Вучиќ за отказите во автомобилската индустрија во Србија

„НЕ МОЖЕ ГЕРМАНИЈА ДА ОТПУШТА 70.000 РАБОТНИЦИ, А КАЈ НАС СЀ ДА БИДЕ ТАМАН“ - Вучиќ за отказите во автомобилската индустрија во Србија

ОВА И ПОНАТАМУ Е НАЈБАРАНОТО ЗАНИМАЊЕ ВО ХРВАТСКА - нема промени веќе една година

ОВА И ПОНАТАМУ Е НАЈБАРАНОТО ЗАНИМАЊЕ ВО ХРВАТСКА - нема промени веќе една година

НОВИ ПРАВИЛА ЗА ОНИЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ГРЦИЈА - од оваа година ќе се плаќаат повисоки такси, некаде ќе се движат и до 20 евра

НОВИ ПРАВИЛА ЗА ОНИЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ГРЦИЈА - од оваа година ќе се плаќаат повисоки такси, некаде ќе се движат и до 20 евра

ПРОИЗВОДИТЕЛИ, ДОБАВУВАЧИ, ТРГОВЦИ - ВНИМАВАЈТЕ: Дојде времето на казни, нефер трговските практики ќе се казнуваат и до 20 илјади евра

ПРОИЗВОДИТЕЛИ, ДОБАВУВАЧИ, ТРГОВЦИ - ВНИМАВАЈТЕ: Дојде времето на казни, нефер трговските практики ќе се казнуваат и до 20 илјади евра

СРПСКАТА НАФТЕНА ИНДУСТРИЈА НА УДАР: САД ќе воведат сеопфатни санкции за НИС

СРПСКАТА НАФТЕНА ИНДУСТРИЈА НА УДАР: САД ќе воведат сеопфатни санкции за НИС