05 Декември, 2025
0.0826

ПАЗАРНАТА КАПИТАЛИЗАЦИЈА НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ЈА НАДМИНА ПСИХОЛОШКАТА ГРАНИЦА ОД ЕДНА МИЛИЈАРДА ЕВРА - еве какви плафони достигнале и другите акции во декември

Објавено во: Финансии 04 Јануари, 2025 11:36

Добивај вести на Viber

Комерцијална банка ја надмина психолошката граница од една милијарда евра според својата пазарна капитализација. 

Пазарна капитализација значи колку пари некој би требало да плати одеднаш под хипотетичка претпоставка дека би ги купил сите акции на таа компанија или банка во еден исти момент.

А, овие податоци се однесуваат за крајот на минатата година, и можат да се најдат од најновиот Билтен на Македонската берза за долорочни хартии од вредност, кој се однесува за декември минатата година.

Според последните податоци, Комерцијална банка има пзарна капитализација од 1,054 милијарди евра на крајот на декември минатата година. 

Со тоа оваа банка ја надмина последната пазарна капитализација на крајот на ноември минатата година, кога таа изнесуваше околу 900 милиони евра. 

Овој фантастичен раст на пазарната капитализација се должи на фантастичниот раст кој го доживува акцијата на Комерцијална банка. 

Второ акционерско друштво што котира на берзата а што има огромна пазарна капитализација и се вбројува во рангот на десетте најликвидни акции, е Стопанска банка Скопје. Растат акциите и на оваа банка, а таа сега според пазарната капитализација тежи 844 милиони евра. 

На трето место по пазарна капитализација е НЛБ Банка, и таа на крајот на минатата година изнесувала рамно 780 милиони евра.

Уште една брзорастечка акција, онаа на фармацевсткиот гигант „Алкалоид“, направи таа компанија да има пазарна капитализација од 658 милиони евра и со тоа да се рангира на четврта позиција во групата АД со највисока пазарна капитализација и чии акции се најтргувани на Македонската берза.

Во одличната топ петорка влегува и пазарната капитализација на Македонски телеком, која изнесува 623 милиони евра.

Н.Н.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката