Кои се директорите што лани се откажаа од платите за да има пари за вработените?
Објавено во: Економија 25 Мај, 2021 07:19
Дебарски бањи“ е пример како на дело се покажува грижа за персоналот т.е. за вработените. Лани петмината членови на Одборот на директори од почетокот на корона кризата (мар 2020 н.з.) самоиницијативно се откажале со изјави од платите и надоместоците. Целта била да не отпуштат ниту еден вработен од работа и успеале во тоа!
Пет члена на одборот на директори на „Дебарски бањи“ се откажале од своите плати и надоместоци лани за да обезбедат средства на плати на вработените на оваа компанија – прочуена по лековитите својства на минералните води со кои стопанисува. Според официјалните податоци достапни во годишниот извештај за работењето на компанија (достапен на информативниот сервис СЕИ – НЕТ) петмината членови на одборот на директори лани од март (кога беше прогласен корона – карантин за Дебар н.з.) се откажале од вкупно 50.000 евра во корист на плати за своите вработени во акционерското друштво „Дебарски бањи“.
Нивната цел била да се обезбедат средства за плати на сите вработени, а приоритет им бил да не отпуштат ниту еден вработен лани иако заради корона кризата морале голем дел од годината да ги држат затворени сместувачките капацитети во трите хотели со кои управува друштвото („Венец, „Бањишта“ и „Косоврасти“).
Во годишниот извештај за работењето на друштвото достапен на следниот линк SEI Net V2 со наслов Годишен извештај за 2020 детално е опишано како друштвото се справи со годината во која приходите заради корона кризата биле драстично намалени иако планирале да биде најуспешна година во историјата на компанијата. Во извештајот крајно транспарентно (што може да биде пример за многу котирани друштва чии акции се тргуваат на берза н.з.) се наведени месечните примања на сите членови на директорскиот борд: претседателот Меџит Цапа, извршната директорка Албиона Риза, нејзиниот заменик Трим Ќемали и надворешните членови Шпреза Цапа и Бјонда Баланца. А воедно се наведени и сите предизвици, од финанска гледна точка предизвикани од ковид кризата, како и мерките и активностите што биле превземани за да се соочат со новонастанатата состојба.
„Дебарски бањи“ е најстара македонска здравстена установа која ги лечи пациентите со благодетните својства на термалните води. Друштвото е основано во далечната 1948 година. Лани заради корона кризата значано е намален обемот на работа на друштвото кое годината ја завршило со загуба од 900.000 евра. Приходите од работењето изнесувале 1,15 милиони евра, а расходите биле поголеми од 2 милиони евра.
Лани друштвото реализирало само 30.681 ноќевање во сите три хотели. Резултат што е за 65 отсто послаб од 2019 година. Тоа е влијанието на корона кризата врз „Дебарски бањи“ лани.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




