30 Април, 2024
0.0274

КОИ СЕ ДРУГИТЕ БАНКИ ШТО РАБОТЕЛЕ СЛИЧНО НА ЕУРОСТАНДАРД - како ќе одговори НБМ на „бомбата“ што ја пушти Муареми

Објавено во: Финансии 23 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Вистинска бомба одекна вчера во финансискиот свет, откако директорот на Финансиската полиција Арафат Муареми, во емисијата „24 анализа“, изјави дека под лупа на институцијата со која тој раководи се уште две до три банки, кои постапувале слично како Еуростандард банка.

Според Муареми, разликата е во тоа што овие банки го искористиле заложното право, односно кредитите од самата банка - за купување акции за сопствени потреби на сопствениците на тие банки.

Муареми во вчерашната емисија, во врска со случајот Еуростандард банка рече дека постапуваат по наредба на Јавното обвинителство. Кога почнале да истражуваат, како што нагласи, во самата банка и добиените банкарски сметки на одредени фирми, со дадени ризични кредити, утврдиле голема мрежа, односно дека не се 140 фирми, туку повеќе.

Првиот човек на Финансиската полиција, кој вчера реши да биде малку поконкретен од досега околу овој случај, се осврна и на опозициските обвинувања дека 29 фирми се од Струмица, но и на спротивните тврдења кои доаѓаат од владини кругови, дека дел од фирмите кои биле кредитирани без покритие се поврзани со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. 

За сите овие обвинувања и контраобвинувања Муареми рече дека во сите тие фирми не утврдиле дека сопствениците се високи функционери и дека не може да се каже дека се само од Струмица. Тој нагласи дека од целата територија на земјава има фирми кои се дел од тие кредити без покритие.

„На добар пат сме да докажеме каде завршиле парите. Веќе почнавме предистражна постапка за две три банки кои постапувале на сличен, но не на ист начин“, објасни Муареми.

Разликата од Еуростандард банка, според него, е во тоа што овие банки го искористиле заложното право, односно ги искористиле кредитите од самата банка за купување акции за сопствени потреби на сопствениците на тие банки со парите на банкките.

По ова сериозно тврдење на Муареми, се очекува да се огласи гувернерката на Народна банка на Македонија, Анита Ангеловска Бежоска, односно да даде одговор на кои други две три банки мисли Муареми, дали такви има во банкарскиот систем во земјава, и дали покрај Еуростандард банка, за него постојат и други предизвици.

Можеби ќе ве интересира

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?