КОИ СЕ ФУДБАЛЕРИТЕ УАПСЕНИ ЗА СЕКС СКАНДАЛ - медиумите ги открија, ги пријавила мајката на малолетничката

Објавено во: Спорт 15 Септември, 2023 10:14
Голем секс скандал ја стресе Шпанија откако фудбалери на кралскиот клуб Реал Мадрид беа уапсени поради споделување на сексуално видео со малолетничка.
Првично беше објавено дека се тројца, но се покажа дека се четворица, а нивниот идентитет медиумите успеаја да го откријат.
Тоа се Раул Асенсио (20), Алекс Алеман (18), Андреас Кампос (21) и Борха Алонсо (19).
Фудбалерите биле пријавени на 6 септември на Канарските Острови од мајката на малолетничката, а вчера биле приведени во полиција.
Мајката наводно изјавила дека еден од четворицата играчи на Реал Мадрид снимил сексуално видео, а потоа го споделил со другите.