18 Декември, 2025
0.0430

Кои се гигантите од Кавадарци? Направија приход поголем од половина милијарда евра!

Објавено во: Економија 23 Јуни, 2021 07:20

Добивај вести на Viber

Кавадарци е веројатно економскиот шампион во националната економија. Бастион на виното и долина на никелот и челичните профили. На нозе го претрпе ударот на короната. Има тешка индустрија, има странски гринфилд инвестиции, најголемата винска компанија, големи трговски компании, силен градежен сектор, производство... Освен странски компании има многу силен домашен бизнис сектор. Само најголемите 12 фирми лани имале приход што надмина 550 милиони евра

Кавадарци веројатно е градот со најсилна индустрија во земјава доколку се има во предвид бројот на жители и активното работоспособно население (веројатно затоа што, за жал, така официјална статистика и аналитика нема н.з.).Градот на металната индустрија (никел, челични профили и слабови) ја има најголемата винска компанија, голем производител на вода, еден од најголемите увозници и трговци со месо, неколку транспорти компании, голем откупувач на тутун, успешни и големи рударски и градежни компании, трговци со горива.... И тоа се 12 најголеми кавадаречки компании според остварените приходи во минатата година во која короната го зема данокот.

„Еуроникел Индустри“ и ИГМ-Трејд се моторите на кавадаречката економија. Комбинатот за топење на никелова руда лани имал приход од 188,4 милиони евра, но фирмата на македонскиот бизнисмен Илија Гечев лани работела многу поуспешно од претходната година. Двете заедно имаат приход од речиси 200 милиони евра што значи многу во национални рамки, а да не зборуваме за ефектот што го има врз локалната економија на Кавадарци. ИГМ Трејд е најуспешната компанија според остварената добивка лани. Профитот изнесува 15,1 милиони евра. Приходите се речиси идентични како и во 2019 година. Со оглед на растот на нарачките особено во глобалната индустрија на бродоградба трендот за работење треба да биде изразито позитивен. И двете генерираат работа за други локални компании, па Кавадарци е отпорен на корона кризата.

Во Кавадарци се стационирани и извозно ориентирани филијали на индустријата за автомобилски делови на „Дрекслмајер“ и на глобалниот производител на тутун и цигари „Алајнс Уан“. Тие генерираат големи приходи за македонски услови.

За Кавадарци е многу специфично тоа што има силна домашна – локална економија. Неа освен ИГМ Трејд ја претставуваат „Тиквеш“, „Кожувчанка“, „Машинокоп“, трговците со деривати „Црна Река петрол“ и ЛИ ОИЛ, увозникот на месо „Слога“и градежната компанија „Градба промет“.

( Р. Ф.)

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје