23 Ноември, 2024
0.0457

Кои се „Нај Бабам“ во Битола?

Објавено во: Економија 19 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Битола има мега вработувач кој е дел од најголемата светска алијанса на производители на делови за автомобилската индустрија. Но има и други домашни „дрматори“. Најголемиот производител на млеко, еден од најголемите извозници на тутун, четири големи градежни фирми, најголемиот земјоделски комбинат, единствената фабрика за квас и чист алкохол и извозно ориентирана програмерска фирма во која профитот е 45 отсто од приходите. Битола го има најголемиот производител на сладоледи во земјава, единствената банка со седиште надвор од Скопје, голем ланец аптеки и прочуена болница за инвитро оплодување и лечење стерилитет. И се тоа од рацете на вредните битолчани!

Битола има свои бизнис гиганти. И тоа од повеќе индустриски гранки. Има странска гринфилд инвестиција во автомобилската индустрија, го има најголемиот производител на струја, има неколу големи градежни фирми, една голема млекарница. Има мега производител на тутун за извоз, а од Битола се и најдобрите македонски сладоледи. Градот на конзулите може да се пофали и со софтверска компанија која „гази“ на интернационалниот пазар, а има и специјална болница која е врв во инвитро оплодувањето. Знаете ли дека Битола е единствениот град од внатрешноста што има седиште на банка, а таму работи и единствената домашна фабрика за чист алкохол и за квас и најголем земјоделски комбинат во земјава. Се на се лани тие 14 приватни битолски компании оствариле кумулативно приход од 339 милиони евра. И тоа е резултат за почит.

Споредбата „Фактор“ ја направи врз основа на вкрстување на достапни податоциза: најголеми компании во земјава (според неколку едиции кои публикуваат рангирања на компании), комании чии акции котираат на берзата и компании кои добиваат тендери на државно поседувани друштва или органи на државната управа. Од тоа како најголеми битолски компании ги издвоивме следниве:


-„Кромберт и Шуберт“ е убедливо најголемата компанија која работи во Пелагонија. Таа е позната и како најголем работодавач кој ангажира околу 5.000 лица од градовите и населените места во најголемата македонска житница. Лани компанијата имала приход од 151 милиони евра. Во споредба со неа сите други битолски гиганти се мали компании.


ИМБ Битола (битолската млекарница) е најголемата од другите компании кои беа опфатени во нашето рангирање. Лани приходите на оваа фирма биле 38,5 милиони евра, трошоците изнесувале 36,1 милиони евра, а добивката е 2,2 милиони евра.


 На ИМБ во „врат и дише“ тутунскиот гигант Сокотаб (аквизиција на тутунскиот гигант Сокотаб Франа СА). Лани оваа компанија имала приходи од 37,9 милиони евра, а добивката била 1,4 милиони евра. 


Од аспект на приходите во најголемите компании лани била и „Еурофарм аптеки“ сопственост на Ангелка Белазелкоска. Оваа компанија чија дејност се аптеките лани остварила приход од 27,2 милиони евра, а има најмала добивка од сите рангирани друштва и таа изнесува 4.000 евра. Во големата битолска петорка (според приходи) е и ЗК Пелагонија компанија која лани приходувала 20 милиони евра, а добивката и е половина милион евра.


Цермат , битолското чудо од сладоледи ја предводи втората група „Бабам“ компании според остварените приходи. Фирмата на Зоран Ристевски и Вилета Ристевска Лазич лани приходувала 12,4 милиони евра и ја завршила годината со добивка од 1,8 милиони евра. 


По него следуваат битолските градежни тешкаши „Пелистер“ и „Стентон градба“. Фирмата во која ко-сопственик е познатиот битолски бизнисмен Силјан Мицевски (заедно со уште петнаесетина домашни физички лица) лани остварила приходи од 12 милиони евра, годината ја заврши со загуба од 3,3 милиони евра. Ривалската компанија во која сопственици се Пецо Стојаноски и Благој Крстевски лани направила приход од 10,5 милиони евра и остварила профит од 900.000 евра.


Следува единствената деловна банка со седиште во Битола – „Стопанска банка Битола“ со нето приходи од камати, провизии и надоместоци во износ од 7,4 милиони евра. Добивката на оваа банка лани изнесува 560.000 евра. 


Тука е и позната Квасара со приход од 6,9 милиони евра и добивка од само 78.000 евра.

„Марковски компанија“ , ривалот на „Пелистер“ и „Стентон градба“ лани остварил приходи во износ од 5,9 милиони евра. Добивката на друштвото чиј сопственик е Борче Марковски изнесува 422.000 евра. 


РУД-КОП е најмал од конкурентите (Марковски, Пелистер и Стентон градба) кои добиваат тендери за ископ во РЕК Битола. Лани оваа компанија во која сопственик е Кирил Билјановски остварила приходи од 2 милиони евра од кои остварила добивка во износ од 187.000 евра. Иако најмала РУД-КОП има најдобра профитна маргина во споредба со ривалите „Стентон градба“ и „Марковски компани“.


Гордоста на Битола  „мајсторот за бебиња“ е сопственик на специјалната болница „Плодност“ која е многу успешна во вештачко оплодување и лечење стерилитет. Нејзин основач, прв човек и сопственик е докоторот Таше Трпчевски. Оваа компанија лани имала приходи од 2,8 милиони евра, трошоци од 2,4 милиони евра и профит од 355.000 евра. На профитната маргина може да позавидат и многу од поголемите битолски компании, но и да се гордеат со успесите на „Плодност“.


Сепак лекции на сите , од аспект на профитабилност“ држат програмерите од битолската компанија за компјутерско програмирање „Интерворкс“. Оваа компанија, во која сопственик е Фанија Мемца, лани остварила приходи од 3,9 милиони евра, а дури 1,7 милиони евра се профит.  Добивката е 43 отсто од приходите, а „Интерворкс“ е на трето место според остварениот профит по ИМБ и Цермат. 


Р.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria