Кои се најбезбедните градови за патување во Европа?
Објавено во: Свет 13 Август, 2025 18:56
Безбедноста е еден од главните фактори што патниците ги земаат предвид при изборот на дестинација. Според новата анализа на туристичкиот оператор „Ривиера травел“, Дубровник е прогласен за најбезбеден град во Европа.
Резултатите се дел од Индексот на најбезбедни дестинации, кој ги рангира градовите според моменталното ниво на криминал, стапката на раст во последните пет години, јавната перцепција за безбедноста и условите на инфраструктурата, како што се уличното осветлување и пристапот до службите за итни случаи, објавува „Еуроњуз травел“.
1. Дубровник, Хрватска
„Бисерoт на Јадранот“ го освои првото место благодарение на исклучително ниските стапки на криминал и добро организираните јавни услуги. Посетителите често се восхитуваат не само на импозантните ѕидини и стариот град, туку и на фактот дека се чувствуваат безбедно тука дури и во вечерните часови. Иако Дубровник привлекува огромен број туристи и има динамична ноќна сцена, насилните инциденти се ретки, а локалната заедница негува пријателски став кон гостите.
2. Талин, Естонија
На второ место се најде Талин, град кој го комбинира средновековниот дух со модерната безбедносна инфраструктура. Стариот град под заштита на УНЕСКО зрачи со бајковита атмосфера, додека специјалните услуги како што се такси-возилата „Жени за жени“ обезбедуваат дополнителна безбедност за жителите и туристите. Ниската стапка на криминал и високата доверба во полицијата го прават Талин еден од скриените бисери на Северна Европа.
3. Варшава, Полска
Полската престолнина претрпе сериозна трансформација во последните години. Денес, нуди добро осветлени улици, развиен јавен превоз и силно полициско присуство, особено во централните области. Економијата е во пораст, невработеноста е ниска, а стапката на криминал е стабилно ниска, што придонесува за чувството на безбедност и кај туристите и кај локалните жители.
4. Прага, Чешка
„Градот на сто кули“ не е само романтична дестинација, туку и една од најбезбедните европски метрополи. Полицијата ефикасно ги покрива туристичките зони, а камерите на јавните места придонесуваат за намалување на ситниот криминал. Туристите се движат слободно дури и во доцните вечерни часови, а локалната заедница негува култура на гостопримство.
5. Краков, Полска
Уште еден полски град е меѓу првите пет. Краков, со својот историски центар и богата културна сцена, инвестира многу во безбедноста на своите посетители. Полициските патроли во стариот град, безбедните ноќни автобуси и малиот број насилни инциденти го прават омилена дестинација и за семејни патувања.
foto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




