05 Декември, 2025
0.1343

Кои се најиновативните компании во светот?

Објавено во: Стил 23 Јануари, 2013 10:18

Добивај вести на Viber

Автомобилскиот гигант Рено и авиоиндустријта Ербас се единствените две француски компании кои се најдоа меѓу 50-те најиновативни компании на глобално ниво за 2012 година.

Според консултантската куќа „Бостон консалтинг груп“, Рено се најде на 34 позиција на најиновативни компании, далеку под Хјундаи, кој се најде на десето место, Тојота на 11, Форд на 12, БМВ на 14, Нисан на 22, Ауди на 25 и Џенерал моторс на 29 место. Германскиот продизводител Фолксваген се најде една позиција под францускиот производител.

Француската компанија од авионската индустрија Ербас се најде на 46-то место на списокот најиновативни претпријатија.

Листата на консултантската куќа „Бостон консалтинг груп“ се објавува од 2004 година и се составува врз основа на анкета во која учествуваат 1.512 директори на најпрестижни светски компании врз основа на неколку критериуми, меѓу кои најважна е иновативната развојна стратегија.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: