02 Мај, 2024
0.5615

Кои се најмоќните и најбогатите наркобосови во светот?

Објавено во: Стил 07 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Војната што САД ја водеа против трговијата со дрога денес претставува пропаганда која чинеше повеќе од милијарда долари, но сепак неуспешно резултираше во спречувањето на трговијата со наркотици. Доказ за тоа е фактот што има премногу моќни и богати наркобосови кои сè уште владеат со своите царства во одредени делови во светот. Порталот Listverse направи листа на најмоќните и најбогатите наркобосови во светот: 10. Гризелда Бланко, кумата на кокаинот Таа била една од најсуровите и најопасните наркобосови на сите времиња, како и најпродуктивен шверцер на колумбискиот Меделин картел. Преку неа се превезени тони кокаин во Њујорк, Мајами, Калифорнија. Нејзиното богатство се проценува на стотици милиони долари, но никогаш нема да се дознае точната бројка. Кумата на кокаинот била убиена во 2012 година. 9. Кун Са Околу 80 отсто од хероинот што две децении, почнувајќи од 1974 година, бил присутен по улиците на Њујорк, потекнувал од Мјанмар, Лаос и Тајланд, области со кои управувал Кун Са. Тој имал приватна војска финансирана од продажбата на дрога. Во 1996 година Кун Са се предал на властите во Мјанмар, а потоа многу малку се знае за неговиот живот. Владата го презела целиот негов имот, тој починал во 2007 година, а причината за неговата смрт е непозната. 8. Џорџ Јунг Можеби има заработено најмалку од сите имиња на листава, но лично направил најмалку 100 милиони долари. Морал да купува куќи само за да ги чува парите во нив. Криумчарењето како занает го научил во затвор од цимерот Карлос Ледер кој подоцна го поврзал со Пабло Ескобар. „Им покажавме на Колумбијците дека е возможно да се пренесува голема количина кокаин во САД. За два дена се правеше обрт од неколку милиони долари, Колумбијците ме обожуваа“, рекол Џорџ. Тој бил уапсен со еден тон кокаин во град во Канзас, а се очекува да биде ослободен во ноември, 2014 година. 7. Рафаел Каро Кинтеро Тој е најстариот од четворицата браќа кои го сочинуваат Каро Кинтеро картелот во Сонара, Мексико. Првично се бавел со криумчарење марихуана, а потоа браќата препродавале кокаин и метамфетамин. Во периодот на 80-тите години на минатиот век браќата и се додворувале на полицијата со цел да им прогледува низ прсти, подмитувајќи ги властите, а најмногу имале корист од тоа бидејќи картелот одвојувал одредена сума пари за изградба на станбени објекти за сиромашните. Во 1985 година бил уапсен поради нарачување убиство на американски федерален агент. Рафаел бил осуден на 40 години затвор, а неговите браќа се на слобода за да го водат „семејниот бизнис“. 6. Карлос Енрике Ледер Ривас Коосновачот на Меделин картелот, Карлос Ледер, бил самопрогласен нацист кој на килограмите кокаин втиснувал кукест крст. Тој командувал на мал остров на Бахамите, што претставувал попатна станица од Колумбија до САД. Оттаму имал воздушна база за криумчарење дрога, како и вооружена армија и писта за патнички авиони. Трговијата со дрога ја поставил на поголемо ниво употребувајќи мали авиони за криумчарење. Во 1987 година бил доживотно осуден како и на дополнителни 135 години затвор. Откако сведочел против панамскиот диктатор Мануел Нориеге, неговата казна била намалена на 55 години. Богатството на Карлос кога бил уапсен изнесувало стотици милиони долари. 5. Браќата Орехуела Нивната стратегија била да работат од сенка, а тоа им носело по 7 милијарди долари годишно. Кали картелот во 90-тите години бил најголемиот набавувач на кокаин во САД. Браќата биле уапсени откако нивниот шеф за безбедност ги издал на полицијата. Во 2006 година биле осудени на 30 години затвор, поради перење пари. 4. Хозе Гонзало Родригез Гача Иако бил роден во Колумбија, Хозе бил познат по прекарот Мексиканец, бидејќи многу ја сакал мексиканската култура. Тој бил клучниот човек за отворање на лаборатории во џунглите на Колумбија каде илјадници работници секојдневно произведувале многу, многу кокаин. По една година откако бил ставен на листата милијардери на Forbes, завршило неговото владеење откако бил убиен од полицијата во 1998 година. 3. Браќата Очоа Овие тројца браќа потекнуваат од богато семејство, а во 80-тите години нивното богатство било проценето на 3 милијарди долари. Во 1991 година се предале на полицијата и оттогаш многу малку се знае за нив. Најмладиот од браќата, Фабио повторно бил уапсен во 1999 година, додека во 2003 бил осуден на 30 години затвор. Починал на 25 јули годинава. 2. Рики Рос За Рики Рос, кралот на крекот, се зборува дека американската известувачка служба го снабдувала со неограничени количини дрога што требало да ја продаде. Врвот на својата моќ ја имал кога поседувал повеќе фабрики за крек кои дневно произведувале дрога во вредност од два до три милиони долари. 1. Давуд Ибрахим Каскар Богатството на индискиот крал на криминалот се проценува на 6 милијарди долари. Познат по својата свирепа природа, тој се поврзува со нападот во Мумбаи кога загинале повеќе од 250 луѓе. Имал блиски контакти и со Осама Бин Ладен, а неговата компанија се бави и со фалсификување, тероризам, па дури и со филмска индустрија. Каскар има финансирано седум популарни индиски филмови. Денес тој е најбараниот човек во Индија, а се претпоставува дека се крие во Пакистан.