26 Ноември, 2024
0.0251

Кои се најуспешните приватни болници и колку заработуваат?

Објавено во: Економија 07 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Најголема приватна клиничка болница е „Аџибадем Систина“, а лани најпрофитабилна била клиниката „Жан Митрев“. Во најголемите пет лани се и центарот за дијализи „Дијамед Македонија“, првата приватна општа болница „Ре-медика“ и специјалистите за ин-витро оплодување „Плодност“ од Битола.

Најголемите пет приватни болници во Македонија лани оствариле приходи кои надминуваат 80 милиони евра (кумулативно) и профит поголем од 10 милиони евра, покажуваат нивните официјални финансиски податоци. Приватните здравствени установи во нашата земја имаат висок рејтинг и солидна доверба. Граѓаните ги конзумираат нивните услуги и доколку се во можност и покрај повисоките цени ги преферираат пред услугите на државните здравствени установи.

Најголема приватна клиничка болница во земјава лани била „Аџибадем Систина“. Оваа здравствена установа нуди широк спектар на здравствени услуги. Лани остварила вкупен приход од 38,9 милиони евра и по тој параметар е најголем приватен давател на здравствени услуги на македонскиот пазар. Приходите на „Аџибадем Систина“ лани пораснале за 11 отсто во однос на 2018 година. Профитот на ова друштво лани изнесува 3,1 милиони евра и во споредба со претходната година, добивката е пониска за 24 отсто. „Аџибадем Систина“ е во партнерска сопственост на едно домашно физичко лице Нина Пијаде – Мирковска, турската здравствена компанија „Аџибадем“ и домашната компанија „Орка Холдинг“. Неодамна во рамки на „Аџибадем Систина“ беше отворена нова педијатриска болница, најголема во регионот

Клиничката болница „Жан Митрев“ е втора најголема приватна болница според остварените приходи. Лани оваа компанија остварила приход од 21,7 милиони евра што е раст за 37 отсто во споредба со 2018 година. Профитот на „Жан Митрев“ лани изнесува 4,05 милиони евра и ја прави оваа клиничка болница најпрофитабилна (според остварена добивка во апсолитен износ). Ова друштво е во сопственост на кардиологот – штипјанецот Жан Митрев.

Првата приватна општа болница во земјава Ре-медика е трета најголема приватна болница во земјава. Нејзниот приход лани изнесувал 8,3 милиони евра и тоа е за 4 отсто подобар резултат од 2018 година. Профитот на Ре-медика лани изнесува 928.000 евра и книжи пад од само 4 отсто во споредба со претходната година. Сопственик на оваа болница е семејството на познатиот бизнисмен Минчо Јорданов преку компанијата „Макмедикон“.

Диамед Македонија е најголем провајдер на услуги од областа на дијализа на бубрежни болни. Ова друштво лани остварило приход од 9,7 милиони евра што е за 7 отсто подобар резултат од 2018 година. Профитот изнесува 1,8 милиони евра и е за 2 пати поголем од претходната година. Овој центар за дијализи е сопственост на компанијата „Метрополитен Скопје“.

Најмала во групата најголеми е битолската болница за гинекологија и акушерство „Плодност“ долгогодишна успешна бизнис приказна за специјалистот на ин-витро оплодување Таше Трпчевски. Лани „Плодност“ остварила приход од 3 милиони евра што е за раст од 7 отсто во однос на 2018 година. Профитот на друштвото изнесувал 289.000 евра и бележи пад од 19 отсто во однос на претходната година.

Р.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу