КОИ СЕ: Откриени атентаторите од крвавиот напад во Анкара
Објавено во: Балкан 15 Октомври, 2015 11:24
Идентификувани се двајцата атентатори на крвавиот напад во Анкара од минатата сабота.
Според турските власти и двајцата се поврзани со „Исламска држава“.
Напаѓачите се препознати по ДНК пронајдена на местото на нападот. Според полицијата едниот од осомничените е брат на мажот, кој го извршил нападот во турскиот град Суруч во јули. Тој бил поврзан со „Исламска држава“ и поминал неколку месеци во Сирија, каде што поминал обука за подготовка на експлозивни направи, сметаат истражните органи.
Вториот патувал до Сирија двапати. Според турските медиуми Експлозивната направа, користена во нападите во Анкара и Суруч се идентични.
Во средата двајца осомничени припадници на Курдската работничка партија беа уапсени за тоа што предупредиле на „Twitter“ за престоен напад во Анкара.
Во меѓувреме беше објавено дека бројот на жртвите достигнал 99 лица.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




