15 Декември, 2025
0.0284

Кои се поверениците за општините Маврово Ростуше, Центар Жупа, Врапчиште и Гостивар?

Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2025 16:02

Добивај вести на Viber

Владата денеска ги именува своите повереници за општините Маврово Ростуше, Центар Жупа, Врапчиште и Гостивар во кои не се избрани градоначалници во првиот круг од локалните избори. Претходно, Државната изборна комисија(ДИК) ја извести Владата дека во врска со условот од член 132 став 2 од Изборниот законик за избор на градоначалници на општините да излезат една третина од вкупниот број на избирачи запишани во избирачкиот список за соодветна општина не е исполнет во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово и Ростуше и Центар Жупа.

„Во однос на истото, согласно член 134 став 2 од Изборниот Законик Владата за повереници за вршење на работите од надлежност на градоначалник за наведените општини ги именува: Онер Јакупоски за повереник за општина Маврово Ростуше, Аријан Ибраим за повереник за Центар Жупа, Буњамин Кадриу за Врапчиште и Фадил Џелили за Гостивар“, соопшти Владата.

Владата ќе го извести претседателот на Собранието заради распишување на избори за градоначалник. ДИК веќе ја отвори нова изборна постапка која почнува однова со процесот на кандидидирање на претендентите за избор на градоначалник на изборите закажани за 11 јануари.

foto Wikipedia/Корисник:Македонец 

Можеби ќе ве интересира

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“