14 Јануари, 2025
0.0300

Кои се ТОП 10 земји – трговски партнери на Македонија? Трговијата со нив вреди 10 милијарди евра за 10 десет месеци!

Објавено во: Економија 10 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Македонскиот извоз изнесува 6,56 милијарди евра за периодот јануари – октомври, а наш најголем трговски партнер и понатаму останува германската економија, објави Државниот завод за статистика. На германскиот пазар завршува повеќе од 40 отсто од целиот македонски извоз во првите десет месеци годинава.

Вредно за истакнување е тоа што во првите десет месеци македонскиот извоз е намален за 382 милиони евра пред се заради рецесијата во Германија, а воедно и поради намалената економска активност во земјите на Европска унија генерално.

Истовремено со тоа нашиот увоз бележи намалување на ниво на статистичка грешка односно увозот изнесува 9,19 милијарди што е само за 42 милиони евра помалку од вредноста на увозот во истиот период лани. 

Кои се најголемите 10 трговски партнери на Македонија?

Германија традиционално и убедливо е број еден трговска дестинација за македонската извозно ориентирана економија. За десет месеци таму нашите компании извезле стоки во вредност од 2,67 милијарди евра и тоа е 41 отсто од целиот македонски извоз. Годинава во споредба со истиот период лани извозот е намален за дури 416 милиони евра и тоа не е резултат на неконкурентноста на македонската економија туку на рецесијата или политички кажано „забавувањето“ на германската економија. Како и да е Германија и понатаму останува најголем партнер на македонската економија, а така ќе биде и во догледна иднина. Германскиот увоз во Македонија за десет месеци изнесува 1 милијарда евра и во споредба со лани е поголем за 7 отсто односно речиси 60 милиони евра.

Велика Британија во вкупната трговска размена на Македонија учествува со 1,13 милијарди евра. Од тоа на британскиот увоз во Македонија отпаѓаат 1,05 милијарди евра. Огромно учество во вкупниот британски увоз кај нас има големата компанија за делови од автомобилската индустрија „Џонсон Мети“. Македонскиот извоз во Велика Британија изнесува 83 милиони евра. Од овие причини токму со Британија го имаме најголемиот трговски дефицит поединечно по земја и тој надминува една милијарда евра.

Трет најголем трговски партнер е соседна Грција. Нејзината позиција доаѓа од речиси целокупниот увоз на фосилни горива (дизел, бензини, ТНГ и керозин). Така увозот од Грција за 10 месеци изнесува 825 милиони евра и заради цените на енергенсите на светските берзи е за 60 милиони евра понизок од претходната година. Нашиот извоз таму изнесува 231 милиони евра и бележи пад од 29 милиони евра во однос на лани. Вкупната трговска размена меѓу двете земји е 1,05 милијарди евра и тука завршува групата земји со кои нашата трговска размена се мери во милијарди евра.

Кина е четврти по големина трговски партнер на Македонија и нашата размена со најголемата азиска економија, а и неодамна светска економска супер сила, изнесува 930 милиони евра. Реално со Кина имаме објективно најголем трговски дефицит затоа што од таму доаѓа најширок спектар на стоки за кои за десет месеци сме платиле 886,5 милиони евра. Увозот од Кина во однос на лани сега е поголем за 53 милиони евра. Нашиот извоз на тој пазар изнесува 44 милиони евра и е преполовен во споредба со истиот период лани.

Петти најголем трговски партнер е соседна Србија. Размената со нив за првите десет месеци е 924 милиони евра. Од тоа македонски извоз е 375,5 милиони евра. Важно за нас е дека нашиот извоз на српскиот пазар е зголемен за 50 милиони евра. Увозот од Србија во Македонија заклучно со октомври изнесува 549 милиони евра и е намален за 16 милиони евра во однос на претходната година.

Соседна Бугарија е шести најголем трговски партнер на Македонија. Во структурата на македонскиот извоз таму доминира оловно – цинкова и бакарна руда и концентрат од нашите рудници, а во увозот значајно е учеството на електричната енергија која ја купуваме од таму затоа што Бугарија е најголем производител на струја на Балканот. Трговската размена заклучно со октомври е 847 милиони евра. Нашиот извоз таму изнесувал 360 милиони евра и бележи зголемување од 51 милиони евра. За нас е добра вест тоа што е значајно намален трговскиот дефицит со источниот сосед затоа што нивниот извоз кај нас е намален за 95 милиони евра и увозот сега изнесува 487 милиони евра.

Регионалниот економски лидер Турција е шести најголем трговски партнер на Македонија и тука е значајно тоа што со нив имаме огромен трговски дефицит. Нашиот извоз таму изнесува само 131 милиони евра па дури е и за 16 милиони евра понизок од лани. Турскиот увоз во Македонија изнесува 616 милиони евра и е за 86 милиони евра повисок од лани. Вкупната трговска размена е 748 милиони евра.

Италија е седми по ред најголем трговски партнер на Македонија. Размената на стоки за десет месеци вреди 569 милиони евра. Нашиот извоз на тој пазар изнесува 175 милиони евра и е ист како и лани. Нивниот увоз на нашиот пазар изнесува 394 милиони евра и бележи мало снижување од 13 милиони евра.

Големата европска економија Полска е осми најголем трговски партнер на Македонија. Нашата трговија со Полска е со голем дефицит. Нашиот извоз на тој пазар изнесува само 87 милиони евра и бележи мал, но значаен раст од 7 милиони евра во однос на истиот период лани. Нивниот увоз на нашиот пазар изнесува 335 милиони евра и е помал за 49 милиони евра во споредба со лани.

Во најголемите 10 трговски партнери годинава е Унгарија. Нашата трговска размена изнесува 412 милиони евра. И за нас е многу важно тоа што имаме трговски суфицит. Односно сме извезле стоки во вредност од 233 милиони евра, а во исто време сме увезле стоки вредни 179 милиони евра. Вреди да се истакне дека годинава се намалиле нашиот извоз таму, но и увозот од Унгарија.

Најмладиот наш сосед Косово е десети најголем трговски партнер, а тоа е природно и нормално. Вкупната размена за 10 месеци изнесува 390 милиони евра, а ние сме во вишок затоа што нашиот извоз таму изнесува 306,5 милиони евра. Тука мора да се укаже дека значајна извозна ставка се нафтените деривати на косовскиот пазар. Увозот од Косово во Македонија за овој период изнесува 84 милиони евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЗАВРШУВА „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА“: Кога да очекуваме следна ваква мерка?

ЗАВРШУВА „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА“: Кога да очекуваме следна ваква мерка?

„Амбасадорот на Чешка со поддршка за иницијативите на Божиновска - заедничка седница со чешки министри, авиолинии Скопје, Охрид – Прага“

„Амбасадорот на Чешка со поддршка за иницијативите на Божиновска - заедничка седница со чешки министри, авиолинии Скопје, Охрид – Прага“

РУСИТЕ СЕ ЗАГРИЖИЈА ЗА СВОИТЕ ЗАШТЕДИ: Дали ќе бидат замрзнати депозитите на мало?

РУСИТЕ СЕ ЗАГРИЖИЈА ЗА СВОИТЕ ЗАШТЕДИ: Дали ќе бидат замрзнати депозитите на мало?

ГРЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ: Колкав е бројот на слободните работни места?

ГРЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ: Колкав е бројот на слободните работни места?

„ИЗМИНАТИВЕ ГОДИНИ ОВОЈ СИНДИКАТ КАКО ДА МОЛЧЕШЕ ЗА ОВА ПРАШАЊЕ“: Митева за штрајкот посочи дека има сомнеж за политичка позадина

„ИЗМИНАТИВЕ ГОДИНИ ОВОЈ СИНДИКАТ КАКО ДА МОЛЧЕШЕ ЗА ОВА ПРАШАЊЕ“: Митева за штрајкот посочи дека има сомнеж за политичка позадина

PEVEX КУПИ НЕДВИЖНИНИ ОД ФРАНЦУСКИОТ BRICOSTORE: Развојна експанзија на компанијата и план за пробив во странство

PEVEX КУПИ НЕДВИЖНИНИ ОД ФРАНЦУСКИОТ BRICOSTORE: Развојна експанзија на компанијата и план за пробив во странство

СДСМ: Патот Градско - Дреново е изграден 92 отсто во наше време

СДСМ: Патот Градско - Дреново е изграден 92 отсто во наше време

РАЈАН ЕР ГИ НАМАЛИ ЦЕНИТЕ, ДО ГЕТЕБОРГ СЕ ЛЕТА ЗА САМО 15 ЕВРА: Летови за ниски цени од Хрватска, Бугарија...

РАЈАН ЕР ГИ НАМАЛИ ЦЕНИТЕ, ДО ГЕТЕБОРГ СЕ ЛЕТА ЗА САМО 15 ЕВРА: Летови за ниски цени од Хрватска, Бугарија...

(ФОТО) Протести пред министерствата, се бара додаток на плата

(ФОТО) Протести пред министерствата, се бара додаток на плата