19 Декември, 2025
0.1505

Кои се трите услови на Зеленски за да преговара со Путин и Трамп?

Објавено во: Свет 07 Август, 2025 17:05

Добивај вести на Viber

Украинскиот претседател Володимир Зеленски има три услови за преговори со рускиот колега Владимир Путин и американскиот Доналд Трамп. 

„Приоритетите се апсолутно јасни. Прво, да се запре убивањето и Русија мора да се согласи на примирје“, напиша Зеленски на социјалната платформа X. 

Како втор приоритет за самитот со рускиот претседател Владимир Путин, инициран од неговиот американски колега Доналд Трамп, Зеленски рече дека тој мора да биде дизајниран да доведе до вистински траен мир. 

Украина постојано повторува дека решение за војната веројатно ќе се најде на состанок на шефовите на држави. Зеленски ја истакна потребата од долгорочна украинска безбедност како трет приоритет, кој мора да се воспостави заедно со САД и Европа.

Зеленски објави дека ќе разговара телефонски со голем број европски партнери, првенствено со германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон. Во меѓувреме, украинскиот претседател објави дека овие разговори се одржале. Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека разговарал со германскиот канцелар Фридрих Мерц, а фокусот бил на завршување на војната и мировниот процес. 

Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година. 

фото Фејсбук/Володимир Зеленски

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела