06 Октомври, 2024
0.0270

Кои се жените кои оставија печат на годинaта што измина

Објавено во: Стил 01 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Да се избере жена на годината е неблагодарна работа. И релативна. Колку и да звучи клише еден од најпознатите цитати на Коко Шанел, жената навистина заслужува да биде отмена и прекрасна. Секоја жена заслужува да биде потсетувана за својата големина, за нејзината посебност и совршеност. Секоја жена е уникатна и инспирира. И онаа што решила да биде домаќинка и никогаш не се пожалила за ништо, но и онаа што со својот професионален и општествен ангажман во континуитет забележува значајни резултати. Важна е посветеноста. И за едното и за другото. Една африканска поговорка вели дека женската посветеност всушност е и нивната најголема убавина. Затоа, ние нема да рангираме жени. Едноставно само ќе потсетиме на неколку за кои можеби најгласно се зборуваше во 2019-та. На наша огромна радост, многу од нив доаѓаат од спорот и културата.

Илина Арсова

(Ликовна уметница, скијачка и планинарка)

Првата Македонка која го искачи Монт Еверест, пред само два дена не’ израдува со уште еден историски подвиг. Македонското знаме го развеа на врвот Винсон на Антарктикот и мисијата 7 врвови конечно е завршена. 

Билјана Црвенкоска

(Спортистка)

Ракометниот клуб „Вардар“ годинава стигна до втората европска круна во Келн, овозможувајќи ѝ на Билјана да испише историја на фајналфор турнирите како прва жена-тренер што во „Ланксес Арена“ го кренала шампионскиот пехар. 

Тамара Тодевска

(Пејачка)

Врвот е дно, а доброто зло! Вака пее Тамара во еден постар нејзин рефрен, вака отприлика и ѝ беше во годината што веќе е позади нас. Врвот го достигна во Израел со историски евровизиски пласман за нашата земја, но многу бргу се најде на дното со ненамерната грешка при интонирањето на химната. Гордоста се претвори во класична хајка. 

Во рангирањето влегоа и Тамара Котевска (Режисерка), како и Атиџе Муратова (Медена земја)

Повеќе детали читајте на Женски Магазин.

Можеби ќе ве интересира

ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА - честитки од сите страни

ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА - честитки од сите страни