03 Септември, 2024
0.0245

КОИ ТЕЧНОСТИ СЕ ДОЗВОЛЕНИ ВО РАЧНИОТ БАГАЖ ВО АВИОНИТЕ: Детален список по промената на правилата, од 1. септември ова важи во ЕУ

Објавено во: Свет 02 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Воведени се универзални правила за патниците низ Европа, од кои првото стапи на сила вчера, на 1. септември - во однос на количината на течност што можеме да ја внесеме во авионот во рачниот багаж.

Европската унија воведува нови правила за патување, а оние кои се однесуваат на авиосообраќајот од вчера стапија на сила.

Ова најмногу се однесува на течности кои можат да се внесат во авионската кабина во рачниот багаж.

Некои од овие правила им беа познати на патниците одамна, но тие не беа универзални, а компаниите можеа сами да одлучуваат за димензиите на куферите и нивната содржина.

Со ова сите европски авиокомпании ќе бидат униформирани и патниците ќе се придржуваат до универзалните стандарди кога се во прашање тежината и димензиите на багажот.

Колку течност е дозволена во рачниот багаж?

Досега, патниците кои минуваат низ скенерот EDSCB (Систем за пронаоѓање експлозиви во рачниот багаж) можеа да носат и течности со волумен од повеќе од 100 ml по шише. Сега тоа ќе се промени, но не е исклучено да има нови промени во иднина како што ќе напредува технологијата.

Од 1 септември патниците не смеат да носат течности, гелови или аеросоли во шишиња со волумен над 100 ml.

Исклучоци се храна за бебиња и лекови.

Се препорачува тие да бидат спакувани во проѕирна пластична кеса или торбичка, а вкупниот волумен на течност да не надминува еден литар.

Ограничувањата се воведени затоа што треба да се подобрат конфигурациите на новите скенери, од кои многу се веќе во употреба на аеродромите низ Европа. Мора да се усогласат и стандардите за воздухопловна безбедност, а за да се обезбеди безбедност на патниците, нивоата на проверки пред летот мора да бидат исти во сите делови на Европа.

Европската унија соопшти дека ограничувањата не се воведени поради ризици во воздухопловната безбедност, туку како мерка на претпазливост додека не се подобри софтверот за проверка на багажот и не се постигне меѓународен договор за стандардите со кои се регулира авијацијата, пренесува Еуростат.

EES и ETIAS - какви промени сè уште не чекаат?

Европската унија воведува уште две важни промени во однос на патувањето во Европа:

Системот EES кој стапува на сила на 10 ноември 2024 година.

Системот ETIAS, кој треба да се активира во средината на мај 2025 година.

ЕЕS е нов електронски систем кој треба да ги замени печатите во пасошите, а ќе ги регистрира сите влезови и излези од земјите на ЕУ. Тој ќе се применува за оние кои во земја членка престојуваат помалку од 90 дена, а претежно се државјани на трети земји..

Овие земји ќе го користат системот EES: Австрија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Италија, Латвија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Норвешка , Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска и Швајцарија.

Кипар и Ирска, иако се членки на ЕУ, сепак ќе се придржуваат до рачно печатење.

Пред секое патување, при влегување или напуштање на територијата на ЕУ или Шенген, прво мора да се регистрираме онлајн целосно бесплатно.

фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Можеби ќе ве интересира

АВИОНОТ НА МАДУРО ВРЕДЕН 13 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Е ЗАПЛЕНЕТ: САД го конфискуваа во Доминиканската Република

АВИОНОТ НА МАДУРО ВРЕДЕН 13 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Е ЗАПЛЕНЕТ: САД го конфискуваа во Доминиканската Република

АСТРОНАУТИТЕ ЗАГЛАВЕНИ ВО ВСЕЛЕНАТА ПРИЈАВИЛЕ „ЧУДНИ ЗВУЦИ“: „Хјустон, имаме проблем“

АСТРОНАУТИТЕ ЗАГЛАВЕНИ ВО ВСЕЛЕНАТА ПРИЈАВИЛЕ „ЧУДНИ ЗВУЦИ“: „Хјустон, имаме проблем“

ЈАПОНЦИТЕ НЕ САКААТ ДА ЈА КОРИСТАТ ЧЕТИРИДЕНВНАТА РАБОТНА НЕДЕЛА: Земјата има тешкотии да ги убеди луѓето да работат помалку

ЈАПОНЦИТЕ НЕ САКААТ ДА ЈА КОРИСТАТ ЧЕТИРИДЕНВНАТА РАБОТНА НЕДЕЛА: Земјата има тешкотии да ги убеди луѓето да работат помалку

НАПОЛНИ 94 ГОДИНИ, НЕ ПЛАНИРА ДА СЕ ПЕНЗИОНИРА И ИМ ДАДЕ КЛУЧЕН СОВЕТ НА МЛАДИТЕ: Што им порача милијардерот Ворен Бафет?

НАПОЛНИ 94 ГОДИНИ, НЕ ПЛАНИРА ДА СЕ ПЕНЗИОНИРА И ИМ ДАДЕ КЛУЧЕН СОВЕТ НА МЛАДИТЕ: Што им порача милијардерот Ворен Бафет?

И ПУТИН НА ПРВИОТ УЧИЛИШЕН ДЕН МЕЃУ УЧЕНИЦИТЕ, ИМ ОДРЖА И ЛЕКЦИЈА: „Нема да можете да имате деца поради електронските цигари“

И ПУТИН НА ПРВИОТ УЧИЛИШЕН ДЕН МЕЃУ УЧЕНИЦИТЕ, ИМ ОДРЖА И ЛЕКЦИЈА: „Нема да можете да имате деца поради електронските цигари“

ИЗБОРНАТА ШЛАКАНИЦА ЗА ШОЛЦ Е СТРАВ И ТРЕПЕТ ВО ЕВРОПА: Казна за социјалдемократите, историска победа на екстреманата десница – АФД

ИЗБОРНАТА ШЛАКАНИЦА ЗА ШОЛЦ Е СТРАВ И ТРЕПЕТ ВО ЕВРОПА: Казна за социјалдемократите, историска победа на екстреманата десница – АФД

ИМААТ ТЕРМИН „СМРТ ОД ПРЕКУМЕРНА РАБОТА“ - ПРОМОВИРААТ СКРАТЕНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Јапонија со поддршка за компаниите

ИМААТ ТЕРМИН „СМРТ ОД ПРЕКУМЕРНА РАБОТА“ - ПРОМОВИРААТ СКРАТЕНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Јапонија со поддршка за компаниите

МАСК СЕ ПЛАШИ „ОД СУДБИНАТА НА ДУРОВ“ - со последната објава ги збуни сите: „подобро е да се ограничат патувањата во одредени земји“

МАСК СЕ ПЛАШИ „ОД СУДБИНАТА НА ДУРОВ“ - со последната објава ги збуни сите: „подобро е да се ограничат патувањата во одредени земји“

УДАР ЗА ВЛАДАТА НА ШОЛЦ! Триумфот на десницата ја тресе Германија: Ниту една партија нема мнозинство - а сите отфрлаат коалиции

УДАР ЗА ВЛАДАТА НА ШОЛЦ! Триумфот на десницата ја тресе Германија: Ниту една партија нема мнозинство - а сите отфрлаат коалиции