19 Декември, 2025
0.0408

Кои трошоци во јуни се зголемиле, а кои се намалиле?

Објавено во: Економија 07 Јули, 2016 19:08

Добивај вести на Viber

Трошоците на живот и цените на мало во јуни во однос на мај годинава останале исти.

Споредено со јуни лани се намалени за 0,7 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Пораст на трошоците на живот во јуни годинава, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 11 проценти, тутунот за 5,8 проценти, другите прехранбени производи за 0,5 проценти, јајцата за 0,4 проценти и маслото и маснотиите за 0,2 процента.

Во јуни пораст на трошоците на животот е евидентиран и кај течните горива за домаќинствата за 9,6 проценти, течните горива и мазива за домаќинствата за 3,2 процента, гасот за домаќинствата за 2,8 проценти, услугите за сместување за 1,1 процент, големите електрични апарати за 0,9 проценти, малите електрични апарати за 0,6 проценти, обувките, другите медицински производи и специјалистичките прегледи за 0,3 проценти, терапевтските апарати и опрема и информатичката опрема за 0,2 процента.

Намалување на трошоците на животот во јуни споредено со мај годинава е регистрирано кај свежиот и разладен зеленчук освен компирот за 8,9 проценти, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1,3 проценти. Кај другите пекарски производи за 0,9 проценти, сушеното, соленото и чаденото месо, сувото овошје и јаткастите производи за 0,5 проценти, рибата и морските плодови и замрзнатиот зеленчук освен компирот за 0,3 проценти и безалкохолните пијалаци за 0,2 процента. Пониски трошоци на живот се забележани и кај авионскиот превоз на патници за 10,8 проценти, болничките услуги за 4,8 проценти, туристичките пакет-аранжмани за 2,6 проценти и градините, растенијата и цвеќињата за 1,2 проценти.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?