Кои закани ги крие за Кина натрупувањето на долгот?
Објавено во: Економија 28 Февруари, 2016 09:55
Со доцнењето на производниот сектор во Кина втората по големина светска економија се потпира на поопасен мотор на растот - на долгот, пишува „CNN“. Властите во Пекинг ги охрабруваат банките да кредитираат, а бизнисот и домаќинствата - да трошат.
Ви звучи ви познато? САД дејствуваа така со години, охрабрувајќи ги Американците да купуваат станови, автомобили и генерално речиси сè на кредит. Акумулацијата на долг доведе до кризата во 2008 и најголемата рецесија.
Клучни инвеститори како хеџ фонд менаџерот Џим Чејнс предупредуваат дека Кина си игра со оган.
Новите кредити достигнуваат рекордно високо ниво во јануари и „CNN“ наведува дека тоа е затоа што владата обично ги зголемува квотите на државните банки. Растот во јануари сепак е повисок од вообичаеното и треба неколку месеци на големи растови во кредитирањето.
Тоа се мешани сигнали за Кина. Ако овој раст е одржлив, тој може да му помогне на економскиот раст пред следните месеци. Со растот на кредитирањето сепак расте и ризикот од банкрот.
Лошите кредити се зголемија за повеќе од 50% од декември 2014 до декември 2015 година. Ова е голем пораст, особено во земја која не ужива особено голема доверба кон нејзините статистички податоци. „Растот при надзор на кредити е директен резултат на без преседан на задолжувањето во последните години и забавената економија“, коментираат аналитичарите од „PwC“ во извештајот од минатата година.
Постојат две оправдани причини за загриженост за кинескиот бум на долгови , коментира „CNN“. Прво, темпото, со кое тој расте и второ, дали кинеските банки се во доволно добра состојба за да претрпат евентуален бран од банкрот. „Долгот сеуште расте два или три пати побрзо отколку самата економија годишно“, предупреди во септември хеџ фонд менаџерот Чејнс.
Во одреден момент ќе дојдат сметките. Со забавувањето на кинеската економија расте загриженоста дека домаќинствата и бизнисите нема да можат да ги платат обврските, поради што банкротите ќе станат клучен елемент од статистиката. Како САД во 2008 година, кога банкротирањата скокнаа, банките не се секогаш подготвени.
„Никој не знае во каква точно состојба се кинеските банки, бидејќи никој не знае што точно се случува со лошите кредити“, вели Гордон Чан, правник и автор на книгата „Доаѓа колапсот на Кина“.
Многу банки во светот, особено во САД, ги зголемуваат капиталните резерви, за да спречат нова финансиска криза, но не е јасно дали и кредитните институции во Кина го прават истото. Сепак многумина аналитичари веруваат дека кинеските власти ќе интервенираат за да се спречи паѓање на системот на важни банки и компании. Пекинг има големи парични резервни, а јавниот долг, кој е околу 43% од БДП, е релативно низок по меѓународните стандарди, забележува „CNN“.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




