Кои земји ги имаат најдобрите програмери?
Објавено во: Економија, Свет 05 Септември, 2016 18:36
Оваа недела HackerRank објави листа на земји каде се наоѓаат најдобрите програмери.
HackerRank е платформа која им овозможува на програмерите бесплатно да се усовршуваат и да одговорат на предизвиците. Овој сајт ја анализирал брзината и точноста со која предизвиците ги решаваат 1.5 милиони програмери. На листата прва е Кина, втора е Русија, а трета е Полска. На четврто место се најде Швајцарија, е петти се Унгарците. На шесто место е Јапонија, а на седмото е Тајван. Французите се осми, а зад нив како деветти се пласираа Чесите. На десетто место се Италијанците, а единаесетти се Украинците. Бугарија е на 12 место, на 13 е Сингапур, на 14 Германија, на 15 Финска и на 16 Белгија. На 17 место е Хонг Конг, на 18 Шпанија, на 19 Австралија, на 20 Романија, на 21 место е Канада. Јужна Кореја е 22, 23 е Виетнам, 24 е Грција, 25 е Шведска, 26 Холандија, 27 е Чиле.
Иако САД и Индија имаат многу корисници на сајтот, нивниот резултат е скромен. САД е на 28, а Индија на 31 место. На 29 место е Британија, а 30 е Турција.
Во листата на овие 50 земји ја нема Македонија.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба





