19 Декември, 2025
0.2839

Кои земји најмногу продаваат, а кои купуваат оружје

Објавено во: Економија, Свет 11 Март, 2016 22:01

Добивај вести на Viber

Големите сили континуирано го зголемуваат производството и продажбата на оружје и понатаму се далеку пред Европа.

Најголем произведувач на оружје се уште се САД кои држат третина од пазарот на оружје и се пред Русија и Кина, додека Европа нагло го губи замавот, соопшти Меѓународниот институт за истражување на мирот од Стокхолм.

Во областа на испорака на оружје, САД се далеку пред останатите – уделот на Американците пораснал на 33% за разлика од 29% во периодот од 2006-та до 2010-та година.

Американските производители на оружје продаваат буквално се – „САД продале или подариле огромна количина на оружје во последните пет години во 96 земји ширум светот. Американската индустрија за оружје, покрај тоа, се подготвува за големите нарачки од кои што треба да продаде 611 борбени авиони F-35 на девет земји“, соопштија од шведскиот институт.

Русија е на второ место која исто така го има зголемено со 3% и нејзиниот удел и достигна 25%.

Трета е Кина со 5,9% (пораст од 2.3%), следи Франција со 56% (-1.5%) и Германија со 4,7% (-6.3%).

Овие 5 држави заедно контролираат 74% од извозот на оружје се споменатиот период.

Најголемиот светски купувач на оружје е Индија, а нејзиниот најголем снабдувач е Русија, а не Америка.

Индија од 2011 до 2015 година купила дури 14% од вкупната продажба на оружје во светот. После Индија, најголеми увозници на оружје се Кина, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски ЕМирати, Австралија и Турција.

Меѓу десетте најголеми увозници, дури шест земји се од Азија и Океанија. Виетнам на пример, има 2.9% од уделот на купеното оружје во светот од 2011 до 2015 година, а во тој период забележал дури 699% од зголемувањето на увозот.

Кина после Индија е најголемиот увозник на оружје, но и една од најголемите извозници на оружје после Америка и Русија, а пред Франција и Германија.

„Кина продолжува да ги шири своите воени капацитети со увезено оружје, но и оние од домашно производство“, вели Сајмон Веземан, истражувач од Институтот.

Можеби ќе ве интересира

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите