06 Декември, 2025
0.1017

Кој добил картичка „Купувам домашно“, сега нема да добие 6.000 денари на сметка

Објавено во: Економија 30 Ноември, 2020 07:15

Добивај вести на Viber

Законското решение со кое ранливи категории граѓани ќе добиваат по 6.000 денари на трансакциска сметка и ќе можат да ги користат со нивната дебитна картичка ќе биде изгласано во Собранието наскоро, уверуваше заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски. Тој викендов рече дека законот ќе биде изгласан по скратена постапка. Како што веќе пишувавме овие пари ќе можат да се потрошат до 25 декември годинава. Она што е важно и е дефинирано во законот е тоа дека пари не може да добијат лицата кои веќе користеа финансиска помош со картичките „Купувам домашно“, претходно годинава. 

„Во насока на финансиска поддршка на што е можно поголем број на засегнати граѓани, како и доделување на средствата на оние лица кои имаат вистинска потреба од истите, заради запазување на фер третманот и правичноста при распределбата на финансиските средства, со членот 9 од Законот се уредува дека лицата кои примиле финансиска поддршка согласно Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на дебитна платежна картичка за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба не можат да користат финансиска поддршка согласно овој закон, стои во законот.

Овој пат по 6.000 денари на сметка добиваат граѓаните со низок доход, пензионери кои имаат до 15.000 денари пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници. Конечната листа кој се ќе добие помош сепак ќе ја изготвуваат неколку институции, а ќе биде објавена на kupuvamdomasno.gov.mk откако Законот ќе биде изгласан во Парламентот и ќе биде објавен во Службен весник. 

Според законот парите ќе легнуваат на сметка во банка во коjа физичкото лице има постоечка трансакциска сметка и која во рок од пет дена од денот на влегување во сила на овој закон потпишала договор со Владата. Ако нема сметка во банките кои со Владата потпишала договор тогаш лицето корисник на помош ќе треба да отвори сметка во таква банка.

Инаку парите ќе треба да се трошат на македонски производи и услуги. Имено Генералниот секретаријат на Владата во рок од пет дена од денот на влегувањето во сила на овој закон на интернет страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk, ќе објави јавен повик за пријавување на правни и физички лица вршители на стопанска дејност за упис во Листа на даватели на македонски производи и македонски услуги, според Листата на дејности утврдени со одлука од страна на Владата согласно Националната класификација на дејности, односно Меѓународната категоризација на трговец по ИСО стандардизација (Merchant Category Code, скратено MCC).

„Владата на Република Северна Македонија ја утврдува Листата на даватели на македонски производи и услуги во рок пет дена од денот на истекот на рокот за пријавување на даватели на македонски производи и услуги, стои во законот.

Парите нема да смее да се подигнуваат како готовина, со нив нема да може да се плаќаат производи и услуги на физички и/или интернет (виртуелни) ПОС терминали.

За мерката државата ќе потроши 27 милиони евра.

Ковачевски рече дека еднократна помоѓ ќе добијат 300 илјади граѓани. 

А.Т.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Економијата мора да излезе од замката на ниски плати

Мицкоски: Економијата мора да излезе од замката на ниски плати

Миќовиќ за НИС и рафинеријата: Одлична можност фабриката во Панчево да се врати во српски раце

Миќовиќ за НИС и рафинеријата: Одлична можност фабриката во Панчево да се врати во српски раце

Милијардерите наследуваат рекордно ниво на богатство

Милијардерите наследуваат рекордно ниво на богатство

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кој е 10 пати побогат по изборната победа на Трамп: Се работи за еден од наследниците, а еве од што се збогатува

Кој е 10 пати побогат по изборната победа на Трамп: Се работи за еден од наследниците, а еве од што се збогатува

Директорот на НИС им се обрати на вработените: Еве што се случува со продажбата на компанијата

Директорот на НИС им се обрати на вработените: Еве што се случува со продажбата на компанијата

Еден од клучните генератори на побарувачката за биткоин оваа година моментално е во големи проблеми

Еден од клучните генератори на побарувачката за биткоин оваа година моментално е во големи проблеми

ДО КОГА МОЖЕ ДА ИЗДРЖИ СРБИЈА? Вучиќ за ситуацијата со НИС: Сигурен сум дека Русите ќе се договорат

ДО КОГА МОЖЕ ДА ИЗДРЖИ СРБИЈА? Вучиќ за ситуацијата со НИС: Сигурен сум дека Русите ќе се договорат

Планот на Нетфликс да го купи Ворнер Брос. ја фрла театарската индустрија во превирања

Планот на Нетфликс да го купи Ворнер Брос. ја фрла театарската индустрија во превирања