17 Мај, 2024
0.0270

Кој е најбогатиот човек во историјата на човештвото?

Објавено во: Стил 04 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Кога ќе помислиме на најбогатите луѓе на светот, прво помислуваме на имиња како што се Бил Гејтс, Ворен Бафет и Рокфелер, меѓутоа малкумина слушнале за Манса Муса Први од Мали. Манса Муса бил африкански крал во 14 век и ја држи титулата за најбогат човек на светот. Со богатство кое прилагодено на инфлацијата од 400 милијарди Муса бил многу побогат од моментално најбогатите луѓе на светот.

Листата која ја составил сајтот Селебрети Нер, ги рангираше најбогатите лица на сите времиња која опфаќа 1000 години во минатото. И иако некои аспекти во врска со акумулацијата на богатството се константни, се забележува дека на листата нема жени, само три лица се живи денес, а 14 лица на листата се Американци.

Листата ја користи годишната инфлација за да го подеси историското богатство, што значи дека богатство од 100 милиони долари во 1913 година денес би било проценето на две милијарди долари.

Манса Муса Први владеел со Мали во почетокот на 1300 година, а своето богатство го стекнал со експлоатација на злато и сол.

По неговата смрт, наследниците не биле во состојба да го задржат неговото богатство кое било исцрпено со војните.

На второ место се наоѓа семејството Ротшилд, чии потомци и понатаму се меѓу најбогатите луѓе на светот. Мајер Амшел Ротшилд, влезе во светот на банкарството кон крајот на 18 век и стекна богатство од 350 милиони долари. Тие пари од тогаш биле поделени меѓу стотици потомци од кои многу и денес се деловни лидери.

Трет на листата е Џон Д. Рокфелер, најбогат Американец кој некогаш живеел и неговото богатство е проценето на 340 милијарди долари во моментот на неговата смрт. Следува комплетната листа на најбогатите луѓе во историјата на човештвото:

1. Манса Муса Први (крал на Мали 1280 - 1331) – 400 милијарди долари

2. Семејството Ротшилд (банкарска династија, 1740 -) – 350 милијарди долари

3. Џон Д. Рокфелер (индустријалец, 1839 - 1937) – 340 милијарди долари

4. Ендрју Карнеги (индустријалец, 1835 - 1919) – 310 милијарди долари

5. Цар Никола Втори (последен цар на Русија, 1868 - 1918) – 300 милијарди долари

6. Осам Али Кан, Асаф Јах Седми (последен владетел на Хидерабаба, 1886 - 1967) – 236 милијарди долари

7. Вилијам Освојувачот (крал на Англија 1028 – 1087) – 229.5 милијарди долари

8. Моамер Гадафи (поранешен водач на Либија, 1942 – 2011) – 200 милијарди долари

9. Хенри Форд (основач на компанијата Форд, 1863 – 1947) – 199 милијарди долари

10. Корнелијус Вандербит (индустријалец, 1794 – 1877) – 185 милијарди долари

11. Алан Руфус (соборец на Вилијам Освојувачот, 1040 – 1093) – 178.65 милијарди долари

12. Бил Гејтс (основач на Мајкрософт, 1955 -) – 136 милијарди долари

13. Вилијам де Варен, првиот гроф на Сирија ( ?? – 1088) – 146.13 милијарди долари

14. Џон Џејкоб Астор (деловен човек, 1864 – 1912) – 121 милијарди долари

15. Ричард Фиткалан, десети гроф на Арундела (англиски благородник, 1306 - 1376) – 118.6 милијарди фунти

16. Џон Гонт (син на Едвард III, 1330 – 1399) – 110 милијарди фунти

17. Стивен Жерар (трговски и банкарски магнат, 1750 – 1831) – 105 милијарди долари

18. Александар Стјурарт (претприемач, 1803 – 1876) – 90 милијарди долари

19. Хенри, првиот војвода на Ланкастер (англиски благородник, 1310 – 1361) – 85.1 милијарда долари

20. Фридрих Вејерхаусер (магнат, 1834 – 1914) – 80 милијарди долари

21. Џеј Гулд (транспортен тајкун, 1836 – 1892) – 71 милијарда долари

22. Карлос Слим (деловен магнат, 1940 - ) – 68 милијарди долари

23. Стивен Ван Ренселер (земјопоседник, 1764 – 1839) – 68 милијарди долари

24. Маршал Филд (основач на компанијата Marshall Field & Company, 1834 – 1906) – 66 милијарди долари

25. Сем Волтон (основач на Волмарт, 1918 – 1992) – 65 милијарди долари

26. Ворен Бафет (инвеститор, 1930 - ) – 64 милијарда долари.

Извор: Миа