25 Април, 2024
0.0278

Кој е рекордерот? Продаде вино и ракија за 20,7 милиони евра!

Објавено во: Економија 17 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Финансиските резултати на „Тиквеш“ заслужуваат внимание, а растот на извозот е за пример. Вкупната продажба за првото полугодие порасна за 51 отсто, а извозот во тоа учествува со повеќе од половина. Иако и понатаму му тежат финансиските расходи македонскиот гигант ја зголеми добивката за 2,6 пати!

Најголемата македонска винарска визба “Тиквеш“ ја зголеми продажбата за 51 отсто во споредба со истиот период лани, е веста која значајно ќе ги орасположи акционерите, а истовремено ќе ја направи таа акција попривлечна за инвеститорите во овие сушни денови на Македонската берза.

За македонската економија е значајно тоа што „Тиквеш“ во првите шест месеци годинава од извоз на вино, па и ракија остварил девизен прилив од 11,8 милиони евра што е за 82 отсто подобро од првото полугодие минатата година.

На домашниот пазар оваа респектабилна и најголема компанија за периодот јануари – јуни пласирала алкохолни пијалоци во вредност од речиси 9 милиони евра што е за 24 отсто повеќе од лани.

Вкупната продажба на „Тиквеш“ за овој период достигна вредност од 20,7 милиони евра и тоа еза 7 милиони евра подобар резултат од истиот период лани.

„Тиквеш“ е еден од најочигледните примери дека парите дадени за маркетинг не се трошок туку влог во создавање нова вредност. Растот на продажбата на „Тиквеш“ во голема мерка е резултат на вложувањата во маркетинг и продажба кои се неопходни за етаблирање и позиционирање на пробирливиот и висококонкурентен вински пазар. За шест месеци оваа компанија во маркетинг и продажба вложи 2 милиони евра што е за 57 отсто повеќе од претходната година. Во тие услови „Тиквеш“ ја зголеми продажбата за 7 милиони евра.

Аналитиката на билансот на успех покажува дека „Тиквеш“ своите вработени во првото полугодие ги мотивирал со 30 отсто повеќе во споредба со истиот период лани. Најголема трошковна ставка очекувано се суровините и другите материјали за кои компанијата платила речиси 5 милиони евра или 61 отсто повеќе од лани.

Оперативната добивка достигна 871.000 евра, а нето добивката изнесува 532.000 евра.

Единствена голема болка на „Тиквеш“ и понатаму остануваат релативно високите финансиски расходи кои годинава се 15 отсто повисоки од лани, а надминаа 173.000 евра.

 Значајно за истакнување од билансот на состојба е тоа што на денот на пресек (30 јуни годинава) побарувањата на компанијата од купувачи надминуваат 17,15 милиони евра што е за двојно повеќе од истиот период лани.

Во овој период за безмалку 5 милиони евра „Тиквеш“ ги зголемил своите краткорочни обврски спрема доверителите, а за 1,5 милиони евра односно за 15 отсто ги намалил своите обврски за долгорочни кредити.

Р.Ф.

Фото: ЕПА/ZURAB KURTSIKIDZE

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија