19 Декември, 2025
0.0484

Кој го донесе коронавирусот во Италија - таа изби трета по број на заразени

Објавено во: Свет 23 Февруари, 2020 20:22

Добивај вести на Viber

Бројот на заразени со коронавирус во Италија значително се зголеми во последните три дена. До денеска се потврдени 152 случаи, со што Италија стана трета земја во светот по бројот на заразени, според податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“.

Досега се потврдени три смртни случаи. Вчера починаа повозрасни маж и жена, а денеска почина жена чија возраст не е соопштена, но станува збор за онколошки пациент.

Кина е на прво место со над 77.000 заболени, по што следи Јужна Кореја со 602 заразени.

Италија денеска ја надмина Јапонија. На крузерот „Дајмонд принцес“ во Јапонија се заразени 630 лица, но за нив се води посебна статистика затоа што на крузерот има луѓе од десетици националности.

Една од главните дилеми е кој е нулти пациентот во Италија, односно првиот пациент кој го проширил вирусот. Прв потврден случај е 38-годишник кој е на интензивна нега. Тој ги заразил и неговата бремена сопруга и уште еден пријател.

Се верува дека тој го добил вирусот од пријател од Кина со кој бил на вечера пред неколку недели во Италија. На пријателот биле спроведени тестови и се покажало дека тој нема коронавирус. Се истражува дали е можно да го прележал без симптоми, односно дали бил асимптоматски носител на вирусот.

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела