Добивај вести на Viber
Саудиска Арабија произведува десет отсто од целата светска нафта, го зголемува производството зашто сака да ја држи цената ниско со цел да ги банкротира лутите ривали - американски нафтени компании кои произведуваат нафта од шкрилци!
Но за жал, ние обичните смртници немаме ништо бидејќи задари акцизата и ДДВ-то ќе плаќаме најмалку 1 евро за литар на бензинските пумпи Саудиска Арабија е главниот „виновник“ затоа што на почетокот на годинава суровата нафта на светските берзи го „мавна“ дното – 30 долари за барел. Тогаш многумина прогнозираа дека цената на црното злато може да оди на историски минимум од 10 долари за барел.
Се покажа дека тоа, барем засега, не е извесно и дека цената тешко дека ќе стигне до таму. Но факт е дека нема повеќе ниту високи растови. Можеби целта е нафтата да не биде стока која е атрактивна за креаторите на трејдерите со деривати и деривативи на светските пазари...
Дали Саудиска Арабија е главниот светски „буфер“ за стрвните трејдери и обложуваќи на светските пазари? Кој ги дрма берзите? Главен виновник за ниската цена на нафтата , која е околу 40 долари за барел, е Саудиска Арабија. Најголемата држава на Арапскиот полуостров, контроверзно кралство кое поддржува радикален ислам, но продава нафта на капиталистичките берзи е најголем поединечен производител на нафта на светот.
Саудиска Арабија произведува дневно над 10 милиони барели нафта, а светот дневно троши околу 100 милиони барели. Значи Саудијците пополнуваат над 10 отсто, а сите останати триесетина држави произведуваат помалку од 90 отсто. Ако се знае дека значаен дел од целото производство на светска нафта не завршува на берзите, но значаен дел од саудиската се продава по пазарни цени тогаш очигледно е влијанието на суровата нафта од оваа држава врз светските пазари. Саудиското кралство семејство објави дека планира до идната година да подмирува над 12 отсто од дневните потреби на нафта на целиот свет. Токму заради нивното големо производство и најавите за поголемо производство Саудиска Арабија го ремети балансот и ја зголемува понудата на светските пазари на нафта. Тоа пак логично ја урива цената.
Саудијците за ова добија многу замерки и од нивните колеги од асоцијацијата ОПЕК, пред се
Венецуела, Алжир, Либија кои имаат големи проблеми заради падот на цената на нафтата светските берзи. А тие држави имаат сериозни проблеми зашто нивните економии се во огромна мерка зависни од продажбата на нафта, но во исто време немаат можност да се задолжат на светскиот пазар на капитал затоа што немаат пристап до тие средства. Тоа создава сериозни економски и социјални проблеми во тие земји. Но Саудијците не отстапуваат.
Нивната теза е дека мора да снабдуваат што повеќе нафта и не прифаќаат да го намалат производството затоа што потенцираат дека во тој случај некој друг може да ги превземе позициите на пазарот. А потоа тешко се пристапува до потрошувачите. Но аналитичарите како во хор велат дека Саудиска Арабија има друга цел. Таа е да се справи со конкуренцијата од која се плаши.
Тоа се компаниите кои развиваат и промовираат технологија на производство на нафта од нафтени шкрилци. Тие, во најголема мерка, се американски компании. На нив им одговара висока цена на светските пазари на нафта. Затоа што процесот е уште скап. Токму заради тоа, тие ценат, дека Саудиска Арабија тргна во офанзива да произведува и да ја држи ниска цената на нафтата на светските берзи.
А главен аргумент е дека во 2015 година дури 39 компании што произведуваат нафта од шкрилци во САД банкротираа!!!
Тоа е „успех“ што аналитичарите и го припишуваат на Саудиска Арабија и нејзиното константно презаситување на пазарите на нафта. Но и Саудска Арабија има ахилова пета. Оваа „војна“ веќе ја чини стотина милијарди долари долг креиран од буџетски дефицит. Засега државата може и има од кого да позајми. Како ќе биде ќе видиме. И кој на крај ќе ја плати сметката. Дали Саудиска Арабија ќе крахира или технологијата на правење нафта од шкрилци ќе оди во заборав...
Можеби токму заради тоа што на големите им треба евтина нафта во овој период е активиран и големиот производител Иран. Силната персиска империја – кичмата односно мостот што го поврзува блискиот и далечниот исток. Внимавајте! Двата најлути ривали Саудиска Арабија и Иран имаат иста задача: што повеќе да „дуркаат“ нафта !!! Да ги заситуваат светските пазари. Ќе видиме како ќе се равива оваа голема светска игра за цените на најважниот енергенс на современата цивилизација. Но едно е извесно! Додека акцизите и ДДВ-то на нафтени деривати ги полнат државните буџети, а колите на струја се многу скапи, ние обичните смртници секаде во Европа и во голем дел од светот ќе возиме на скап бензин и нафта....
Р.Ф.