19 Декември, 2025
0.0189

Кој го претепа Тодор Петров?

Објавено во: 27 Февруари, 2016 19:19

Добивај вести на Viber

Како што објави Фактор пред малку , денеска беше претепан лидерот на Светскиот македоснки конгрес Тодор Петров.

Според пишувањата на дел од медиумите Петров го претепале Бекир Асани кој е член на ДУИ и неколкумина негови пријатели денеска околу 12.30 часот. Веднаш после инцидентот, Петров бил пренесен на лекување во скопските клиники каде што му е констатиран потрес на мозокот и телесни повреди.

Според информации од полицијата  настанот се случил непосредно по неговиот говор на денешното поставување на камен темелникот на крстот во општина Бутел. Во Ургентен центар Петров бил примен и се прават дополнителни испитувања за неговата здравствена состојба, но сепак не станува збор за сериозни повреди.

Високи партиски функционери на ДУИ утрово излегоа на протест, за да го спречат почетокот на поставувањето на крстот во Бутел. Полицијата не дозволи групата да дојде до локацијата на крстот.

На поставувањето на 50 метарскиот крст присуствуваа голем број функционери од ВМРО – ДПМНЕ и градоначалници.

Партијата на ВМРО-ДПМНЕ доцна денеска се огласи по повод овој инцидент и прстот за вината на претепаниот Петров го вперија во министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и СДСМ.

Од партијата на Груевски со ниедна реченица не го осудија однесувањето на челниците на ДУИ, ниту наводите за тепањето на Петров од страна на луѓе блиски на ДУИ.