19 Мај, 2024
0.0291

Кој го услужи „Макошпед“ за еден милион евра?

Објавено во: Економија 01 Март, 2021

Добивај вести на Viber

„Макошпед“ има пад на добивката 55 отсто и покрај големиот раст на приходите затоа што лани за „услуги со карактер на материјални трошоци“ плати 1,1 милиони. Во образложението менаџментот не наведе ниту збор за огромниот раст на оваа трошковна ставка и малите акционери може само да „нагаѓаат“ кој и со што го услужил „Макошпед“. Друштвото лани се задолжило (краткорочно и долгорочно) 230.000 евра

Малата скопска шпедиција „Макошпед“ лани оствари солиден раст на приходите од продажба, пад на добивката и значајно зголемување на задолженоста на компанијата и експлозивен раст на услугите што друштвото ги платило, покажуваат официјалните финансиски податоци што компанијата ги објави на Македонската берза за хартии од вредност.

Највпечатлив е енормниот раст на трошоците што „Макошпед“ лани ги платил за услуги со карактер на материјални трошоци. Лани за оваа ставка, за која нема ниту збор во Образложението објавено во прилог на финансиските извештаи, „Макошпед“ платил 1,1 милиони евра и тоа е 10 пати повеќе од платеното за услуги со карактер на материјални трошоци во 2019 година.

Солиден раст лани бележат приходите од продажба во споредба со 2019 година. Тие достигнаа 2 милиони евра и се за 73 отсто односно за 852.000 евра повисоки од претходната година. Од тоа на домашен пазар се реализирани приходи од 1,62 милиони евра што е раст од 58 отсто или 590.000 евра повеќе од 2019 година. Продажбата во странство е зголемена за три пати и изнесува 393.000 евра.

Вкупните оперативни расходи лани достигнаа 1,9 милиони евра и се за 62 отсто повисоки од 2019 година. Најголемата трошковна ставка се услугите со карактер на метеријални трошоци за кои „Макошпед“ платил 1,1 милиони евра и тоа е 58 отсто од сите трошоци кои друштвото ги направило лани. Оваа ставка има клучно и огромно влијание врз добивката на „Макошпед“ која е преполовена во однос на 2019 година. Другите позначајни трошоковни ставки книжат значајно намалување и тие се: набавната вредност на трговски стоки која е 30 отсто помала од претходната година и изнесува 328.000 евра и трошоците за вработени кои изнесуваат 196.000 евра и се за намалени за 20 отсто.

Финансиските приходи на друштвото лани се намалени за 68 отсто во споредба со 2019 година и изнесуваат 84.000 евра. Финансиските расходи на друштвото изнесуваат само 2.550 евра и се помалку од 1 отсто од финансиските расходи остварени 2019 година. Добивката лани е преполовена во споредба со 2019 година и изнесува 182.000 евра. Добивката по акција е 14 денари.

На страната на билансот на состојба значајно за истакнување е тоа што растат обврските на друштвото заради долгорочните обврски на друштвото кои ги немаше во 2019 година, а лани има ново кредитно задолжување во износ од 148.000 евра. Вкупните обврски на „Макошпед“ лани изнесуваат 429.000 евра и се за 36 отсто повисоки од 2019 година. Тековните обврски лани се намалени за 10 отсто и изнесуваат 282.000 евра. Друштвото лани ги намалило обврските спрема добавувачите за 35 отсто, а се задолжило со краткорочни кредити за 83.000 евра.

Побарувањата од купувачите на крај на декември лани се намалени за 10 отсто и изнесуваат 200.000 евра. Вредноста на вложувањата во хартии од вредност е зголемена и изнесува 11 милиони евра ( „Макошпед“ е најголем поединечен акционер во „Европа“ и во „Фершпед“).

Тековните средства на „Макошпед“ лани се намалени за 64 отсто во споредба со претходната година и на крај на 2020 година изнесувале 437.000 евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници