19 Јануари, 2025
0.0300

Кој го возел жолтото комбе на УБК?

Објавено во: Македонија 19 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Кој го возел жолтото комбе на УБК?

Нападот врз човековите слободи и права е најсилниот удар врз едно цивилизирано демократско општество. Сега е ред на таквото општество да возврати“.

Со овие зборови обвинителката Фатиме Фетаи ја заврши прес конференцијата на која обелодени дека од 2008 до 2015 година незаконски биле прислушувани најмалку 5817 телефонски броеви. Жолтото комбе и странските служби на Никола Груевски не беа воопшто споменати, зошто конечно се разјасни кој нелегално ги прислушувал граѓаните на Македонија.

Прислушувањето, според доказите на Специјалното јавно обвинителство, се вршело во Управата за безбедност и контраразузнавање, а таргет биле политичари, бизнисмени, новинари и други, но не бил и поранешниот премиер Никола Груевски.

Повеќето од броевите, над 4200, биле прислушувани без судска наредба, а останатите над 1500 пред и по издавањето на судската наредба. Имајќи ги предвид телефонските броеви со кои нелегално прислушуваните комуницирале, се доаѓа до над 20 илјади нелегално прислушувани.

Чие е големото уво?

Меѓу граѓаните веќе неколку години се раскажува еден виц. Кога поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, го прашале на кој е-маил да ти пишам, тој одговорил „на кој сакаш“. По објавувањето на најновиот случај на СЈО, „Таргет“, никој веќе не се смее на оваа шега.

Фетаи објави дека се осомничени 10 лица вработени во УБК. Првоосомничениот, кој бил на раководна позиција во УБК, ги слушал разговорите и без судски налог давал наредби за додавање на телефонски броеви на луѓе кои биле во блиски лични односи со него. Прислушувањето било вршено со три различни системи за прислушување, еден во 2008, вториот од крајот на 2008 до почетокот на 2015 и третиот во 2015 година.

„Во конкретниот случај постои основано сомнение дека осомничените лица, искористувајќи ја службената положба и овластување, на штета на средствата на државата, преку злоупотреба на системите за комуникација, потешко ги повредиле основните човекови права на незаконито прислушуваните граѓани“, рече Фетаи.

Второосомничен е раководител на оддел во УБК, кој незаконски давал наредби кои броеви да се следат, сам ставал броеви за следење и ги слушал разговорите кои се снимани без судски наредби. Останатите инволвирани во „Таргет“ се сомничат дека незаконски ги внесувале броевите во системот и правеле транскрипти од разговорите.

„Првите два системи биле уништени, а третиот систем за следење на комуникациите се уште се користи за незаконско прислушување и во 2016 година“, рече обвинителката.

Обвинителката Ленче Ристоска истакна дека еден од вработените во УБК го забележал незаконското прислушување при што одземал дел од транскриптите и аудио записите и му ги предал на друго лице кое ги проследило на трет човек од каде завршиле во рацете на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Ристоска рече дека според доказите кои ги поседува СЈО, поранешниот премиер Никола Груевски не бил мета на прислушување. Но, затоа на листата се поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, лидерите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети, Мендух Тачи, Љубе Бошкоски, Муса Џафери, Зоран Верушевски како и многу други.

„Досега ние не поседуваме докази во насока на тоа дека од страна на странски служби, жолти комбиња е вршено незаконското следење на комуникациите“, истакна Ристоска.

Кој го возел жолтото комбе на УБК?

Обвинителката Фатиме Фетаи рече дека постои основано сомнение дека се прислушувало и во 2016 година. За потсетување обвинетите за нелегално прислушување во случајот „Пуч“ беа уапсени во февруари 2015 година.

Што всушност се случи со странските служби кои според Груевски прислушувале во државата? На ова прашање јавноста денес не доби одговор од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Тој реши да молчи, иако лично тој го обелодени случајот „Пуч“.

„Откако Зоран Заев почна да ги упатува заканите кон мене, МВР покани врвни експерти за оваа проблематика од позната странска компанија, која со своја опрема изврши проверки и утврди дека повремено на различни локации, главно во центарот на Скопје, непознат сторител врши нелегално прислушување и снимање на телефонски разговори, користејќи мобилна опрема чија локација постојано се менува, а функционира по принцип на клонирање на т.н. базни станици. Се правела промена на положбата, а во радиус од околу два километри од институциите, главно во центар, од каде се лоцирале телефоните на државниот врв и носителите на јавни функции. И таа опрема ја вклучувале во одреден период од денот, најчесто од 12 до 18 часот во текот на денот“, објаснуваше Груевски на прес конференција лани на 25 февруари.

Новите докази, според СЈО ќе влијаат и на случајот Пуч, а понатамошната истрага треба да утврди кои биле мотивите за нелегалното прислушување на илјадници граѓани.


Можеби ќе ве интересира

„ОВОЈ ПРАЗНИК ПОЧНА ДА СЕ СЛАВИ КАКО ДРЖАВЕН И НЕРАБОТЕН ВО ВРЕМЕ НА ВЛАДАТА КОЈА ЈА ПРЕДВОДЕВ“ - се огласи Никола Груевски

„ОВОЈ ПРАЗНИК ПОЧНА ДА СЕ СЛАВИ КАКО ДРЖАВЕН И НЕРАБОТЕН ВО ВРЕМЕ НА ВЛАДАТА КОЈА ЈА ПРЕДВОДЕВ“ - се огласи Никола Груевски

„НЕ КОНЗУМИРАЈТЕ АЛКОХОЛ, ПРВО МАЛКУ РАЗГОЛЕТЕ ГО ТЕЛОТО“ - неколку совети за оние што ќе скокаат по крстот

„НЕ КОНЗУМИРАЈТЕ АЛКОХОЛ, ПРВО МАЛКУ РАЗГОЛЕТЕ ГО ТЕЛОТО“ - неколку совети за оние што ќе скокаат по крстот

СОПСТВЕНИЧКА НА ПОЗНАТ БУТИК ЗА МОДА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИИ - „За инает ми го изгореа дуќанот и два стана“

СОПСТВЕНИЧКА НА ПОЗНАТ БУТИК ЗА МОДА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИИ - „За инает ми го изгореа дуќанот и два стана“

ВАКА ИЗГЛЕДА НОЌНОТО СКИЈАЊЕ ВО СКИ-ЦЕНТАРОТ МИХАЈЛОВО - градоначалникот Јанчев со покана до туристите

ВАКА ИЗГЛЕДА НОЌНОТО СКИЈАЊЕ ВО СКИ-ЦЕНТАРОТ МИХАЈЛОВО - градоначалникот Јанчев со покана до туристите

МУ ГО ОГРАБИЛЕ АВТОМОБИЛОТ НА БУГАРСКИ ДРЖАВЈАНИН ВО СКОПЈЕ - осомничени се двајца скопјани, еве што му било одземено

МУ ГО ОГРАБИЛЕ АВТОМОБИЛОТ НА БУГАРСКИ ДРЖАВЈАНИН ВО СКОПЈЕ - осомничени се двајца скопјани, еве што му било одземено

ЕВЕ КАДЕ СЕ СЛИКАЛ ШТЕКЛИ ПРЕД ДА БИДЕ УАПСЕН - прошета многу локации, а не се ни обидуваше да се скрие од јавноста

ЕВЕ КАДЕ СЕ СЛИКАЛ ШТЕКЛИ ПРЕД ДА БИДЕ УАПСЕН - прошета многу локации, а не се ни обидуваше да се скрие од јавноста

ЕВЕ КАКО СЕ ЧУВСТВУВАЛ ТОШКОВСКИ КОГА ГО ВИДЕЛ МИЈАЛКОВ ВО МОНТЕ КАРЛО: „Не се чувствував поинаку од другите македонски граѓани“

ЕВЕ КАКО СЕ ЧУВСТВУВАЛ ТОШКОВСКИ КОГА ГО ВИДЕЛ МИЈАЛКОВ ВО МОНТЕ КАРЛО: „Не се чувствував поинаку од другите македонски граѓани“

ШТЕКЛИ ЗАД РЕШЕТКИ, ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА ОЈО: Уапсени се повеќе лица што продавале дрога

ШТЕКЛИ ЗАД РЕШЕТКИ, ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА ОЈО: Уапсени се повеќе лица што продавале дрога

СДСМ ДЕНЕС Е ПАРТИЈА СО НОВА ЕНЕРГИЈА И ВИЗИЈА: Филипче вели, мисијата е да бидат партија блиска до народот

СДСМ ДЕНЕС Е ПАРТИЈА СО НОВА ЕНЕРГИЈА И ВИЗИЈА: Филипче вели, мисијата е да бидат партија блиска до народот