29 Септември, 2024
0.0257

КОЈ И ЗОШТО ДОЗВОЛИ ДА ПРОТЕЧАТ ИНФОРМАЦИИ - трка за сензација или професионален пропуст

Објавено во: Македонија 14 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Министерството за здравство денеска побара од медиумите, кои пред тоа и официјално да биде обзнането, „ексклузивно“ објавуваат информации за бројот на починати од коронавирусот, тоа да не го прават, туку да почекаат на официјалните соопштенија.

„Министерството за здравство ја информира јавноста дека за состојбата со коронавирусот ги известува сите медиуми истовремено веднаш откако ќе ги добие официјалните податоци од Институтот за јавно здравје и апелира до сите медиуи да користат исклучиво официјални информации од надлежните институции“, се вели во соопштението од МЗ.

Ова следува откако некои медиуми деновиве ги објавуваат податоците за починати лица од коронавирусот, иако тоа се уште официјално не е објавено од Министерството за здравсто.

„Со оглед на тоа што во изминативе денови, неколку медиуми први информираат за статистиката на денот -  ги замолуваме сите медиуми – да се држат исклучиво до официјалните информации кои излегуваат од релевантните институции, наместо да користат лични контакти за информирање. Состојбата во државата е вонредна и овие моменти не би требало да се користат за ексклузивитет – затоа што податоците може да бидат неточни, но и податоци без детална информација предизвикуваат страв и паника кај семејствата кои се лекуваат од КОВИД-19 на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, како и во останатите јавно-здравствени установи. Апелираме на солидарност и грижа во овие моменти. Ве замолуваме за известувањето во однос на состојбата со пациентите да се информирате исклучиво од Министерството за здравство“, велат од МЗ.

Воедно, оттаму изразуваат благодарност на соработката и поддршката која ја даваат медиумите во изминатиот период, а која очекуваат да продолжи и понатаму.

Сепак, она што е факт, е дека медиумите секогаш ќе се борат за екслузивитет, и тоа е разбирливо, и на крајот од денот, тоа е нивно право. 

Не е јасно, меѓутоа, како одговорните лица од Инфективна клиника и од Министерството за здравство дозволуваат да им протечат информациите. 

Имено, штом е усогласено и договорено, и конечно, ветено пред сите медиуми дека податоците треба да ги објавува Министерството за здравство, и дека тоа ќе го прави најтранспарентно, веројатно треба да има некој код на однесување меѓу вработените на Инфективна клиника. 

Или, едноставно објаснето, тие да не им ги даваат податоците „под маса“ и предвреме само на одредени медиуми. И тоа исти, кои секојдневно „предничат“ со своите објави, собирајќи ја така „славата“ од користење на лични контакти во болничките кругови.

Ако сите сме се договориле да бидеме коректни во услови на оваа корона криза, и дека како медиуми не треба да трчаме по сензации, туку ќе ги чекаме официјалните објави, тогаш за сите треба да важат еднакви правила на игра.

Министерот за здравство Венко Филипче, секојдневно одржува опширни пресконференции, на кои пред јавноста ги опишува сите детали и трпеливо и прецизно одговара на сите новинарски прашања, поради што ги придоби симпатиите и довербата од целата македонска јавност. 

Затоа, е сосема некоректно заради лична блискост, или желба на некој вработен од Клиниката да се „направи важен“ со тоа што некому ќе му дошепне информација, да се нарушува имиџот и довербата кон целиот здравствен сектор.

Н.Н.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна