19 Декември, 2025
0.0436

Кој и зошто ја уништи Југославија?

Објавено во: Свет, Стил 28 Февруари, 2016 19:04

Добивај вести на Viber

Распадот на Југославија до ден денеска е инспирација за многу историчари, аналитичари и експерти да разработуваат разни теории за неговата разврска.

Американскиот политиколог Фил Батлер на пример, последно излезе со тврдење дека зад распадот на Југославија биле дел од поширокиот план на НАТО.

 Намерата била геополитички да се ослабнат противниците на западниот блок во регионите на Третиот свет и да се проголтаат здравите економии на народите од овие земји.

Според него Југославија е прототип за она што денес се случува во Сирија, Украина, Ирак.

Ако Западот не ја уништеше Југославија, земјата сега ќе беше на исто ниво со големите европски сили, тврди Батлер.

„Можете ли да ја замислите денешна Европа со Југославија како клучен играч меѓу народите? Јас можам. Југославија, всушност, беше еден од најголемите културни и човечки експерименти во историјата. Формирана на полето на конфликтот меѓу Австро-унгарската и Отоманската Империја, Југославија ги спои луѓето од обете култури, и тоа на начин што не е виден уште од времето на асимилацијата на народите од страна на Александар Велики по огромниот поход“, пишува Батлер во својата статија за Њу истерн аутлук.

Тој истакнува дека Јосип Броз Тито, Југославија беше актер на светската сцена. Ниеден научник или политичар денес не зборува за тоа, но Титовата улога во воспоставувањето на Движењето на неврзаните беше благородна и исклучително значајна, особено за луѓето што сега живеат во Хрватска, Србија, Црна Гора и другите поранешни југословенски региони.“

Колумнистот пишува дека по Втората светска војна, социјалистичка Југославија станала еден вид на европска приказна за успех.

„Помеѓу 1960 и 1980 година, земјата имаше една од најважните стапки на економски раст во светот, пристоен животен стандард, бесплатно здравство и образование, гарантирано право на работа, едномесечен платен годишен одмор, стапка на писменост од преку 90 отсто, а очекуван животен век од 72 години. Колку што знам, ниту една од државите на Балканот денеска не може да сонува ниту половина од овој просперитет. Тоа беше напредок кој меѓу западните сили разбуди желба за уништување на Југославија. Мултиетничкото население во земјата имаше поволен јавен превоз, покрив над глава и комуналии. Непрофитната економија главно беше во државна сопственост, што не е баш најдобар пример за западната демократска љубов., вели Батлер.

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела