25 Ноември, 2024
0.0260

КОЈ ИМА ПОВЕЌЕ АНТИТЕЛА, ОНИЕ КОИ ПРЕЛЕЖАЛЕ КОВИД ИЛИ ОНИЕ КОИ СЕ ВАКЦИНИРАА: Научниците откриваат детали од големо истражување

Објавено во: Свет 11 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Пандемијата во светот се уште е во полн ек, особено поради новите варијанти на вирусот кои постојано се детектираат. Најдобар начин да се заштитиме од инфекција е да се вакцинираме, е официјалниот став на експертите. Но, имунитет постои и откако ќе се се прележи болеста, па научниците направија истражување кое открива дали луѓето се подобро заштитени со вакцина или со природен имунитет по прележан ковид.

Во студијата на тим научници предводени од Жоел Пелети и Жан-Франсоа Масон, професори на Катедрата за хемија на Универзитетот во Монтреал, која е објавена во списанието Scientific Reports, се наведува дека луѓето вакцинирани со вакцината Фајзер или АстраЗенека имале нивоа на антитела кои биле значително повисоки од оние кои природно се заразиле со инфекцијата. Антителата од овие две вакцини, како велат професорите, се ефикасни и против делта варијантата на вирусот, која не беше присутна во Квебек во времето кога примероците се собрани за тестирање во 2020 година.

Масон, специјалист за биомедицински инструменти, и Пелети, експерт за хемија на протеини, беа особено заинтересирани за групата луѓе што најмалку се проучувале досега, имено луѓе кои ја добиле инфекцијата, но не биле хоспитализирани бидејќи имале поблаги симптоми.

Студијата опфатила 32 лица од Канада, 14 до 21 ден откако им бил дијагностициран вирусот со ПЦР-тестирање и тие не требало да бидат хоспитализирани. Важно е да се напомене дека сè се случувало во 2020 година, пред да се појават бета, делта и гама варијантите.

„Секој што бил заразен произведува антитела, но постарите луѓе произведуваат повеќе од оние помлади од 50 години. Покрај тоа, антителата сè уште биле присутни во нивниот крвоток четири месеци по дијагнозата“, велиМасон.

Антителата добиени по инфекцијата со оригиналниот вид на вирусот реагирале и на варијанти на вирусот САРС-КоВ-2 што се појавија во следните бранови, но во помала мера - нивната моќ беше намалена за 30 до 50 проценти.

„Резултатот што најмногу не изненади беше тоа што антителата произведени од природно инфицирани луѓе постари од 50 години обезбедија повисок степен на заштита од оној на луѓето помлади од 50 години“, истакна Пелети.

Кога некој што имал блага клиничка слика, а потоа и се вакцинира, нивото на антитела во неговата крв се удвојува во споредба со невакцинирана личност која била заразена со вирусот. Нивните антитела исто така се способни да ја спречат интеракцијата на протеинот АЦЕ-2, односно продирањето на делта соевите, велат научниците.

„Но, она што е уште поинтересно е дека имаме примероци од лице помладо од 49 години кое не произведувало антитела кои ја инхибираат интеракцијата на протеинот ACE-2, за разлика од вакцинацијата. Ова укажува дека вакцинацијата ја зголемува заштитата од делта, кај луѓето кои претходно биле заразени со оригиналниот вид“, заклучил Масон.

ФОТО: YOUTUBE Print screen

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ДЕТАЛИ ЗА СТРАШНАТА АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО ЛИТВАНИЈА: Пилотот загина, неколкумина се повредени - удрил во станбена зграда

ДЕТАЛИ ЗА СТРАШНАТА АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО ЛИТВАНИЈА: Пилотот загина, неколкумина се повредени - удрил во станбена зграда

КУФЕРОТ НА „СУДНИОТ ДЕН“ МОЖЕ ДА ПОЧНЕ КАТАСТРОФА: Путин не се двои од него, а едно копче води до удар: „Европа е на неколку минути од Армагедон“

КУФЕРОТ НА „СУДНИОТ ДЕН“ МОЖЕ ДА ПОЧНЕ КАТАСТРОФА: Путин не се двои од него, а едно копче води до удар: „Европа е на неколку минути од Армагедон“

Кој е РФК - Потомок на династијата Кенеди со мисија за здрава Америка

Кој е РФК - Потомок на династијата Кенеди со мисија за здрава Америка

(ВИДЕО) ИМА РАЗЛИКИ: Американка ги споредува домовите во Исланд со тие во САД

(ВИДЕО) ИМА РАЗЛИКИ: Американка ги споредува домовите во Исланд со тие во САД

ЗЕЛЕНСКИ Е ОТВОРЕН ЗА ПРЕДЛОЗИ И ОД ТРАМП: Кажа кога се очекува да заврши војната

ЗЕЛЕНСКИ Е ОТВОРЕН ЗА ПРЕДЛОЗИ И ОД ТРАМП: Кажа кога се очекува да заврши војната

РУСИЈА СЕ ЗАКАНИ НА ЈУЖНА КОРЕЈА: Ако пратат оружје во Украина, ќе има одговор

РУСИЈА СЕ ЗАКАНИ НА ЈУЖНА КОРЕЈА: Ако пратат оружје во Украина, ќе има одговор

НЕ СЕ ПЛАШЕТЕ: Меркел даде совет како да разговараат со Трамп за Украина

НЕ СЕ ПЛАШЕТЕ: Меркел даде совет како да разговараат со Трамп за Украина

НОВИНАРКА ПОСЕТИ 50 ЗЕМЈИ: Во една држава нема да се врати и објасни зошто

НОВИНАРКА ПОСЕТИ 50 ЗЕМЈИ: Во една држава нема да се врати и објасни зошто