27 Април, 2024
0.0519

Кој јавен сектор за плати јаде 108 милиони евра, а пак сите се незадоволни?

Објавено во: Економија 17 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Никој не е задоволен од јавното здравство. Незадоволни пациенти. Огорчени слабо платени доктори, резигниран медицински персонал, во јавните здравствени установи. Се почесто слушаме дека докторите бегаат надвор од земјава. Веќе стана пракса медиумите да пренесуваат за интервенции на полиција за медицински персонал напаѓан од пациенти. Чести смртни случаи во болниците, шпекулации за корупција . А за овој систем во кој се незадоволни тие што лечат и тие што ги лечат само за плати даночните обврзници за девет месеци минатата година платиле 108 милиони евра!

Вкупните бруто плати на персоналот на јавните здравствени установи ( скопски клинички центар, клинички болници, општи болници, здравствени домови и други) за првите девет месеци лани изнесуваат 108 милиони евра! Станува збор за сите вработени лица во вкупно 111 јавни здравствени установи во земјава кои ги алиментира државниот Фонд за здравствено осигурување, покажуваат официјалните податоци достапни на веб страницата на ФЗОМ.

Соодносот на расходите кои од парите на буџетските корисници ФЗОМ ги префрла на државните болници е зачудувачки. Верувале или не половина од сите пари што ФЗОМ ги исплатил за периодот јануари – септември 2018 на држaвните болници е 213,87 милиони евра. Половина од тие пари односно 50,6 отсто  или 107 милиони евра се за плати на вработените.

Втора по големина расходна ставка во алиментирањето на јавните т.е. државните болници се трошоците за материјал и ситен инвентар и тие изнесуваат 59,3 милиони евра. За комуналии, греење, комунакациски трошоци и транспорт ФЗОМ префрлил за девет месеци во 2018 година 13,82 милиони евра на јавните болници.

Кои се болниците со најголеми трошоци за плати и надоместоци?

Од јавно достапните податоци се гледа кои се топ три болници според трошоците за бруто плати и надоместоци кои ги исплаќа ФЗОМ. На прво место е Здравствен дом Скопје на чии вработени за девет месеци минатата година се исплатени вкупно 5,77 милиони евра плати и надоместоци. На втората позиција е Градската болница 8 септември во Скопје каде за овој период износот на плати и надоместоци е 5,23 милиони евра. Во големата тројка според износот на исплатени плати и надоместоци е уште и Клиничката болница Битола со реализација на плати и надоместоци од 5 милиони евра за 9 месеци во 2018.

Друг куриозитет вреден за истакнување е тоа што вкупните приходи на ФЗОМ за првите девет месеци лани е 360,84 милиони евра. Дури 30 отсто од тие пари одат на плати и надоместоци за вработените во 111 државни болници, клиники и здравствени домови.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност