Графикони: Кој ќе биде загрижен кога нафтата нема да биде примарно гориво?
Објавено во: Анализа 05 Мај, 2013 09:37
Овој график покажува која треба да биде цената на нафтата во одредени земји, како би можеле истите комотно да си ги одржуваат државните финасии. Знаеме дека земјите како Русија немаат никакви проблеми со јавниот долг, а притоа имаат широк државен сектор. Таквата комоција ја имаат на база на огромни природни ресурси. Но што ако цената на нафтата од некоја причина нагло се намали?
Во САД веќе некое време се води дебата за тоа дека треба да се оди на природен гас. Како што гледате цената на гасот таму е во постојано опаѓање и според многумина гасот треба да биде мостот кон зелената енергија. Не е зелен како ветерот, но е далеку подобар за животната средина од нафтата.
Овој график како што гледате го потврдува токму тоа. Освен обновливите извори на енергија, гасот има најсилен пораст. Сето ова за сметка на големите загадувачи – нафтата и јагленот.
Горниот график ја мери ефикасноста на новите возила во САД. Колку милји може да се поминат со еден галон возило. Нема потреба да пресметуваме во километри, поентата е јасна. Возилата се број еден потрошувач на нафта во светот. Со зголемување на нивната ефикасност ќе се троши и помалку гориво.
Како на сето ова ќе одговорат Арапите и Русите, останува да покаже времето.
Редакција Фактор
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





