25 Април, 2024
0.0293

Кој ќе добие над 50 милиони евра од ЕСМ?

Објавено во: Економија 17 Август, 2022

Добивај вести на Viber

АД ЕСМ ќе купува 950.000 тони јаглен до 31 август 2023, по објавените два огласи за потребите на РЕК Битола и РЕК Осломеј. Ако просечната цена е 60 евра по тон, тоа би значело дека може да се очекува да се платат околу 57 милиони евра во наредните година дена за лигнит од странство.

За РЕК Битола ќе се купуваат вкупно 600.000 тони. Најмалата понуда може да изнесува 200.000 тони, а операторот ќе мора месечно да доставува по 50.000 тони. За РЕК осломеј ќе се купувааат 350.000 тони, а најмалата понуда мора да биде 100.000 тони. Во двата случаи основен критериум во отворениот систем на набавки ќе биде понудената цена.

Претходниот тендер на АД ЕСМ кој заврши во јуни за набавка на јаглен за потребите на РЕК Битола, во енергетската криза, склучи три договори за испорака на рекордни 550.000 тони јаглен за сума од 1,936 милијарди денари, или приближно 32 милиони евра.

РЕК Битола со затворањето на двата претходни повици на 12 април и 30 мај доби 400.000 тони јаглен од компанијата Хај Тауерс од Албанија, а договорот е постигнат во мај  Потеклото на јагленот е од Албанија, а цената е 449 денари за гигаџул. Договорот со Хај Тауерс изнесува 22,2 милиони евра без ДДВ.

Втората и третата компанија се од Скопје - Куантум Солушнс и Енергија Икс, кои треба да набават 100 тони јаглен од Грција, односно 50.000 тони од Албанија, по постигнатите договори во јуни. Куантум Солушнс ќе наплати 6,3 милиони евра по цена од 457 денари од гигаџул, додека договорот со Енергија Икс изнесува околу 3,25 милиони евра и цена од 455 денари по гигаџул.

Во меѓувреме беше обелоденето дека релативно анонимните микро-компании Куантум Солушнс и Енергија Икс како еден од своите сопственици имаат лице со исто име и презиме. Бизнисменот од Мала Речица, Аљибер Ибраими, станал сопственик на едната од нив на денот кога беа објавени огласите изминатата недела. Останува да се види како ќе го затвори новиот тендер ЕСМ и дали ќе бидат одбрани истите оператори повторно.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ