19 Декември, 2025
0.0606

Кој ќе го купи „Гоце Делчев“?

Објавено во: Економија 22 Август, 2018 08:27

Добивај вести на Viber

Најголемиот акционер на земјоделскиот комбинат „Гоце Делчев Тиквеш“ од Кавадарци нуди 157 денари во јавна понуда за акција што книговодствено вреди над 5.000 денари. Оваа компанија произведува грозје и вино, а обработува над 1.000 хектари површина во тиквешијата. Комбинатот лани направил приход поголем од 4 милиони евра, а добивката била 300.000 евра

Кавадарчанецот Ристо Милев, најголемиот поединечен акционер, даде јавна понуда за откуп на сите слободни акции во земјоделскиот комбинат „Гоце Делчев (ГД) Тиквеш од Каварадци. Неговата понуда е 157 денари за акција што книговодствено вредни повеќе од 5.000 денари. Неговата понуда е околу 72.300 евра за 28.438 акции кои се во рацете на сите други акционери во таа компанија. Неговата понуда важи до 5 септември годинава, а негов застапник е службата за услуги со хартии од вредност на НЛБ Банка Скопје.

Содржината на понудата можете да ја прочитате на следниот линк 

https:https://www.mse.mk/Repository/Reports/%D0%88%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8%20%D0%BF%D0%BE%D0%BD%D1%83%D0%B4%D0%B8%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B7%D0%B5%D0%BC%D0%B0%D1%9A%D0%B5%202018/Ponuda_prezemanje_GD_Tikvesh_Kavadarci.pdf

Милев поседува над 58 отсто од акциите и може да одлучува за најголем дел од прашањата кои се однесуваат на работењето на друштвото. Неговата понуда е објавена на 7 август. Сите акционери што ќе одлучат да ги продадат своите акции на своите сметки во рок од 8 дена од завршувањето на важноста на понудата – 5 септември ќе имаат пари на своите трансакциски сметки – ќе добијат по 157 денари за секоја продадена акција.

Што се поседува „ГД Тиквеш“?

Основна дејност на ГД-ТИКВЕШ АД Кавадарци е земјоделско производство. Вкупната површина на која друштвото го врши своето производство е 1.042 хектари. Основни производи се винско грозје на површина од 555 хектари и асталско грозје на површина од 250 хектари. Винското грозје е застапено со 69 отсто, а асталското со 31 отсто. Продажбата на своите производи ГД-ТИКВЕШ во последните неколку години ја остварува на домашниот пазар, а од другите држави продажба се остварува во Република Србија и во Белорусија. Споредни дејности се одгледување на житни култури, фуражни култури и овоштарство од кое на површина од 38 хектари е застапен насад со праски.

Во последнава година се истргувани само 72 акции на оваа компанија. Тие се тргувани по цена од 153 денари за акција. Освен Ристо Милев друг голема акционер е фирмата „Радомак“ сопственост на Леонит Димоски член на надзорниот одбор која поседува 23,3 отсто од акциите. За понудата на Милев ќе решаваат вкупно 517 домашни физички лица и две домашни правни лица.


Р. Ф. 

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?