КОЈ ЌЕ ИМ ГИ ПЛАТИ ШТЕТИТЕ НА ВОЗАЧИТЕ - стотици во големи проблеми, бензинска ги помешала горивата, автомобилите се расипуваат
Објавено во: Економија 03 Септември, 2023 11:54
На бензинска пумпа во германскиот град Рајхензахсен (Хесен), стотици возачи точеле погрешно гориво во своите автомобили. Германските медиуми јавуваат дека возилата на возачите почнале масовно да се расипуваат.
Клиентите на истата бензинска пумпа во Рајхензахсен од минатата недела имаат проблеми со дефекти на моторот. Според медиумите, очигледно на бензинската пумпа биле заменети резервоарите за гориво за дизел и бензин.
Затоа во последните денови се повеќе возачи бараат помош од занаетчии за да ги поправат своите автомобили. Со оглед на тоа дека голем број возила се искршени, очигледно е дека не е возачот, туку горивото, пишува магазинот Феникс.
Бензинската пумпа ги потврдува грешките
„На наше големо жалење, по интензивен преглед, мора да утврдиме дека мешањето на горивото на бензинската пумпа во Рајхензахсен е предизвикано од грешка на добавувачот“, потврдија за германските медиуми Honsel Mineralölvertriebs-GmbH и Kaiser Energie GmbH.
Причината е замена на грлото за полнење за дизел или бензинот супер.
Не може да се исклучи ниту човечката грешка.
Проблемот траеше со денови
Сите корисници кои полнеа Супер Е5 и дизел во периодот од понеделник наутро (28.08.) до среда попладне се погодени од овој проблем.
Како што пренесуваат медиумите, се уште не е разјаснето кој ќе ги плати штетите на возачите, пренесува магазинот Феникс.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




