КОЈ ЌЕ НОСИ ПРАДА, А КОЈ ВЕРСАЧЕ? Бизнис зделка вредна 1,25 милијарди евра

Објавено во: Економија 11 Април, 2025 10:36
Италијанската модна куќа „Прада“ денеска објави дека „постигнале дефинитивен договор“ со американската групација „Капри холдингс“ за преземање на 100 отсто од познатиот бренд „Версаче“ за 1,25 милијарди евра. Спојувањето на двата светски познати италијански брендови, според познавачите, ќе создаде италијанска луксузна групација со обрт од над шест милијарди евра, којашто ќе може да се натпреварува со индустриските гиганти како „Луј Витон“ и „Керинг“.
- Среќни сме да му посакаме добредојде на „Версаче“ во „Групацијата Прада“ и да изградиме ново поглавје за брендот со којшто споделуваме силна посветеност во креативноста, изработката и наследството, изјави претседателот и извршен директор Патрицио Бертели.
Договоров е исклучок од трендот од последниве години, бидејќи големите имиња на италијанската мода како „Гучи“, „Фенди“ и „Ботега Венета“ беа преземени од нивните француски конкуренти.
„Капри холдингс“, којашто го купи „Версаче“ во 2018 година за 1,83 милијарди евра, мораше да прифати значително намаление во економски контекст на состојбата на пазарот на луксуз и зголемувањето на американските царини. По долги недели преговори, „Прада“ презеде ризик и покрај турбуленциите предизвикани на поголемите царините што ги најави претседателот на САД, Доналд Трамп.
Трансакцијата се очекува да биде завршена во втората половина на оваа 2025 година.
Модната куќа „Версаче“, основана 1978 година од дизајнеркиот двоец, браќата Џани и Санто Версаче, стана многу позната по своите комбинации облека за светската сцена. Донатела Версаче, која ги презеде креациите на модната куќа во 1997., откако нејзиниот брат Џани беше убиен, се повлече на 1 април годинава.
Можеби ќе ве интересира
ГОЛЕМА ПРОМЕНА ЗА СИТЕ КОИ РАБОТАТ ВО ГРЦИЈА – ЗАДОЛЖИТЕЛНА Е ДИГИТАЛНАТА РАБОТНА КАРТИЧКА: Нема работа на црно

НАЈГОЛЕМАТА ЗАПАДНА БАНКА КОЈА УШТЕ РАБОТИ ВО РУСИЈА ЈА СТОПИРА ПРОДАЖБАТА: Причината е промената на односите меѓу САД и Русија

ПРВА ТУЖБА ЗА ЦАРИНИТЕ, КАЛИФОРНИЈА ПРОТИВ ТРАМП: „Самоволната глобална трговска политика не е игра“

ДОСЕГА НЕВИДЕН „БУМ“ НА ЦЕНИТЕ НА НЕДВИЖНОСТИТЕ ВО ЕВРОПА: Трендот продолжува и годинава

МЕРЦЕДЕС ПРЕФРЛА ДЕЛ ОД ПРОИЗВОДСТВОТО ВО УНГАРИЈА, НО ТОА ГО ПРАВИ ТАЈНО: Во Германија ќе згаснат илјадници работни места, во Унгарија се отвораат нови за помалку пари

НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЕНЕРГЕТИКА ЌЕ УДРИ ПО ЏЕБОТ НА ГРАЃАНИТЕ, ИНЖЕНЕРИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Владата озаконува паушални фактури за струја

NVIDIA ОЧЕКУВА ЗАГУБА ОД 5,5 МИЛИЈАРДИ ПОРАДИ ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП: Џенсен Хванг итно пристигнал во Пекинг

ЕУ ВОВЕДЕ НОВИ САНКЦИИ ЗА БЕЛОРУСИЈА: Една земја не се усогласи

ПОРАДИ ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП: Илјадници работни места во Италија може да згаснат
