03 Мај, 2024
0.0260

Кој ќе работи за минималец, ако социјалната помош е исто толку?

Објавено во: Економија 04 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Социјалната помош од 1 јануари 2019 година е зголемена за 3 пати, соопшти вчера на прес - конференција премиерот Зоран Заев заедно со министерот за финансии, Драган Тевдовски.

Со тоа социјалната помош ќе изнесува скоро колку и минималната плата, која е 12.000 денари.

Многу работници кои работат за минималец, негодуваат за оваа реформа. Сметаат дека не е праведно да се работи за 12.000 денари, а при тоа исто толку да зема и социјален случај, кој можеби и реално не бара работа.

„Не се исплати човек да работи за 12.000 денари. Познавам стоматолози во внатрешноста кои работат за мали плати, кои се срамни да се споменуваат, а не пак социјалното да биде 12.000 денари. Зошто учел тој лекар? За да има за нијанса повисока плата од социјалец, плус тешко се доаѓа до работа. Кој е луд да работи ако социјалното е 12.000 денари? Дали кога лекарите ќе се иселат, ќе не лечат социјалци се прашувам?“, вели Ј.А. средовечна невработена жена.

Сметам дека една држава која со Уставот е уредена  дека е социјална, треба да биде таква, вели Кристина Ампева од Здружението Гласен Текстилец од Штип.

„Овие суми досега од 1.500, 3.000 денари, тоа не беше социјална помош. Не беше ништо. И треба да е поголема и од 12.000 денари. Не сметам дека луѓето ќе изберат да не работат за да земаат социјална помош. Според тоа што беше кажано од министерката, промислено е веќе. Реално мислам дека барем таа знае што прави и однапред осмислено е тоа, затоа излезе со конкретни решенија. Не верувам дека ќе биде загрозен некој сектор, напротив, примателите на социјална помош ќе мораат што побргу да се вклучат во пазарот на труд и реално ќе немаат можност да бираат работа. А, таа работа најчесто ќе биде за минималец. Значи не е проблемот во сумата за социјална помош, која според мене е ниска и не задоволува основни потреби, но и те како е подобро од ова што го имаме во моментот. Проблемот е во ниските плати. Тоа е мое мислење за оваа тема. Не се согласуваат многу со мене, но јас сметам дека треба да е вака“, објаснува Ампева.

Од ВМРО-ДПМНЕ вчера реагираа за оваа реформа. Трајко Славевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ вели дека изедначување на социјалната помош со минималната плата значи декуражирање или обесхрабрување на работоспособните лица да се вклучат во пазарот на работна сила, затоа што на пример станува збор за семејства каде што квалификациите се такви што тие на пазарот на труд  не би можеле да достигнат до просечната плата или би биле некаде под просечната плата.

„Па кој е сега интересот ако државата ви плаќа за седење дома 12.000 денари вие да работите за минимална плата од 12.000 денари или за дополнителни 2.000 денари што би ги добиле или 3.000 денари за малку повисока плата над минималната. Во услови на стеснување на пазарот на труд во Република Македонија, заради демографските трендови заради иселувањето итн. се губи, односно се пасифизира еден работоспособен дел од работната сила во Република Македонија што секако на економски план ќе има многу негативни последици“, вели тој.

Ова зголемување беше најавено минатата година со повеќе детали, но и во кампања пред да дојде на власт СДСМ вети повисока социјална помош.

Во Македонија вообичаено најниските плати ги земаат вработените во текстилниот и кожарскиот сектор. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години