Кој му работи зад грб на Путин и пренесува информации на западните разузнавачи?
Објавено во: Свет 16 Август, 2022 17:27
И на рускиот претседател Владимир Путин, одредени лица му работат зад грб, пишуваат западните медиуми.
Висок руски функционер го издал Путин и понудил тајни преговори со Западот, пишува британски „Мирор“. Во текстот се наведува дека истата личност е во контакт со разузнавачките агенции, вклучувајќи ги ЦИА и МИ5. Според медиумот, во Кремљ владее паника.
„Претставник на потесното опкружување на Путин испратил сигнал до Западот за желбата за преговори“, стои во документот цитиран од The Mirror.
Руските инсајдери, наводно, се загрижени дека војната предизвика санкции кои се закануваат да ја уништат економијата.
Путин деновиве кажа дека руските сили чекор по чекор го ослободуваат Донбас. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари. Инаку, западните разузнавачи објавуваат податоци за број на загинати војници, какви планови имаат руските сили во Украина, а дури и предвидоа кога ќе се случи нападот кој значеше и почеток на војната.
foto EPA/MIKHAIL KLIMENTYEV / KREMLIN POO
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




