25 Април, 2024
0.1338

Кој го одалечи Брајан Хојт Ји од Балканот?

Објавено во: Анализа 26 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Се поизвесно е дека кариерата на американскиот дипломат Брајан Хојт Ји на Балканскиот полуостров ќе биде ставена во мирување, ако не и целосно прекината. Овој дипломат кој одлично функционираше уште од времето кога Државен секретар на САД беше Хилари Клинтон можеби конечно се соочува со притисокот од новата администрација на американскиот претседател Доналд Трамп со неговите амбиции за промена на насоките на делување на Стејт департментот. 

Според најновите информации постои голема можност Брајан Хојт Ји да биде суспензиран или отпуштен од страна на актуелниот Државен секретар Рекс Тилерсон, најмногу поради неговите активности во Србија на која јасно и порача дека не може да седи на две столици и дека мора да одбере помеѓу Вашингтон и Брисел како сојузници од една страна и Москва од друга страна.

Ваквиот настап според српските медиуми бил оценет како неприфатлив, односно дека Хојт Ти продонел во антагонизирање на Србија која можела да биде потенцијален сојузник на САД наместо да ги доближува своите ставови кон Русија.

Исто така неговите шанси да стане нов амбасадор на Република Македонија кој би го заменил Џес Бејли се многу тенки, односно доведено е во прашање неговото целосно работење на Балканот. Пред еден месец се појави извештај дека Хојт Ји се подготвува да дојде во Скопје со засилена екипи, поточно со нови тимови на агенти од ДЕА службата која се бави со борба против дрогата и ФБИ службата која работи на федерални истраги, но можеби таквите планови за делување од Скопје кон целиот Западен Балкан паѓаат во вода, ако се земат како точни информациите кои доаѓаат од Русија.

Токму Русија нема интерес Брајан Хојт Ји да ја продолжи дипломатската служба на Балканот бидејќи се покажа како многу успешен во досегашните потфати, особено со неговиот придонес во разрешување на македонската политичка криза кога со месеци немавме избор на нова влада, а состојбата ескалираше со крвавите настани во Собранието на 27 април. Потоа претседателот Иванов го додели мандатот на премиерот Заев и почна процесот на дифузирање на тензичната состојба која поради вмешаноста на различни разузнавачки служби можеше да се претвори во крваво сценарио од кое нема враќање. „Експртизата“ на Хојт Ји го направи погоден и за избор како нов амбасадор во БиХ што беше втората опција за продолжување на неговата кариера, но најверојатно и тука значително се „замрсени“ конците.

Автор: Христијан Станоевиќ