05 Декември, 2025
0.1806

Кој најмногу троши на цигари, а кој на храна?

Објавено во: Стил 11 Септември, 2013 13:04

Добивај вести на Viber

Ниедна земја од регионот, не се најде меѓу првите 10 најголеми потрошувачи-хедонисти, покрај верувањата на балканците дека  кај нас најдобро се јаде, пие, но и пуши тутун. Организациите USDA и Euro Monitor International ги анализирале жителите на планетата, за да утврдат во која земја најмногу се троши на храна, на алкохол и на цигари.
Во предвид е земена и висината на примањата на жителите, како и потрошувачката на работи кои се основни потреби. Американскиот магазин Time Пишува дека Американците се оценети како народ со најголеми примања по глава на жител, но на оваа листа се дури на 19-тото место според потрошувачката за хедонизам. Ова се најголемите потрошувачи-хедонисти: 1. Швајцарија: 6.047 евра по лице годишно 2. Норвешка: 5.746 евра 3. Австралија: 5.484 евра 4. Јапонија: 4.941 евро 5. Шведска: 4.270 евра 6. Нов Зеланд: 4.262 евра 7. Финска: 4.033 евра 8. Австрија: 3.948 евра 9. Шпанија: 3.889 евра 10. Хонг Конг: 3.864 евра.
 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: