29 Март, 2024
0.0267

Кој од такси превоз прави милион евра приход?

Објавено во: Економија 23 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Најголемите три такси служби во земјава се во Скопје и во Струмица и трите имаат приход еднаков на или поголем од еден милион евра. Најуспешната компанија во најголемите десет такси служби има добивка од 65.700 евра, а најуспешната има профитна маргина од 25 отсто. И таксизмот не е исклучиво машки бизнис. Меѓу 15 најголеми компании четири се во сопственост на жени.

Дали такси превозот е доходовна дејност? Колку пари се вртат во најголемите македонски компании кои вршат такси превоз? Такси превозот е изразита трудоинтензивна дејност во која лесно и бргу се влегува, но уште полесно се излегува. Дејност во која конкуренцијата е остра, голема, легална, но и нелегална. „Таксизмот“ е дејноста што спаси илјадници скопјани во екот на страшната транзиција особено во деведесетите години од минатиот век. Затоа што токму оваа услужна дејност апсорбираше ијладници нововработени или приремено ангажирани стечајци, социјални вишоци и „отпишани“ лица кои останаа без работа по распадот на големите скопски фирми од ерата на социјализмот.

Веројатно „таксизмот“ беше најизразена дејност на поранешните скопски „железарци“.

„Фактор“ за вас почитувани читатели ги објавува најновите достапни податоци за најголемите 10 македонски такси компании. Во нашата анализа имаше два клучни критериуми: првиот беше дејноста (а таа според номенклатурата е 49.32 – такси служба) и вториот критериум беше да бидат компании кои имаат приход што е поголем од 150.000 евра за лани.

Во остра конкуренција, макар само од аспект на приходот, најголемите две компании за такси превоз се од Скопје и од Струмица.

 Такси компанијата на четворицата скопјани: Горјан и Жани Митревски, Емил Димовски и Огнен Стефановски, Глобал Трип ДОО Скопје е такси служба со најголем приход лани на ниво на држава. Оваа такси компанија лани остварила приход од 1,18 милиони евра, а добивката била 68.000 евра.
Заради целосно информирање треба да се знае дека овие четворица скопјани имаат уште една такси служба која се вика Глобал Трип Плус Скопје и лани остварила 432.000 евра од кои добивката изнесува 65.700 евра. Токму ова е компанијата со најголема добивка лани од сите компании во ова рангирање.

Тоа значи дека овие четворица скопјани за лани се македонски шампиони во правење пари од такси превоз.

Очигледно дека струмичани се навлечени на такси превоз. На второ место е струмичката компанија ДАВ 02 сопственост на струмичанецот Драге Вргов. Лани неговата такси служба направила 1,14 милиони евра и од тоа профитот е 16.200 евра.

На трето место е скопската компанија АБЦ Логистика со приход од еден милион евра и добивка од 10.500 евра. Сопственик на оваа скопска такси служба е Зоран Димовски.

На четврто место е позната такси компанија „Сити такси Скопје“ сопственсот на Садула и Абдула Рушити. Нејзиниот приход лани е 888.000 евра, а добивката изнесува 29.000 евра.

Следна на листата е многу виралната такси компанија Градско такси „Сонце“ сопственост на Ѓорги Лазаревски. Нејзниот приход од такси дејност лани изнесувал 681.000 евра, а профитот од тоа само 3.000 евра.

Следува големиот конкурент „Наше Такси“ со приход од 652.000 евра и добивка од 32.000 евра. Оваа компанија е сопственост на скопјанецот Ѓорге Косев.

И сега најголемата битолска такси компанија со седиште во село Горно Оризари. Нејзиниот назив е „Алфа припс“ , а приходот лани изнесува 511.000 евра, а нејзината добивка е 6.700 евра. Оваа компанија е сопственост на Билјана Котевска – Коминовска.

Во најголемите десет такси служби се уште три скопски фирми. Едната е горенаведената Глобал Трип Плус Скопје,Ин Такси и Еуро Техника Рива.

Приходот на Ин Такси лани изнесувал 448.000 евра, а добивката била само 4.000 евра. Оваа такси служба ја поседуваат скопјаните Будимир Новаковиќ и Гојчо Стевковски. Еуро Техника Рива е компанија што лани остварила приход од 364.000 евра, а добивката изнесува 900 евра. Сопственик е Оливија Блажевска.

Во конкуренција на најголеми такси служби има фирми од Тетово, Штип, Куманово, Кавадарци и од Охрид

Такси дејноста е доста доходовна и во другите градови. Куманово има две такси служби кои лани оствариле приходи поголеми од 200.000 евра. Станува збор за фирмите Де Лукс и Принц Турс. Првата лани остварила приход од 215.500 евра и загуба од 109.000 евра. И оваа компанија е во сопственост на жена: Тања Спасовска. Другата кумановска такси служба е во сопственост на Владимир Николовски. Таа лани остварила приход од 216.000 евра, а завршила со добивка од 900 евра.

Штипската компанија во оваа конкуренција е Гатакс, сопственост на Глигор Арсов. Приходот лани е 255.000 евра, а добивката изнесува 10.500 евра.

Охридската компанија Мерцедес 13 666 лани остварила приход од 338.000 евра и добивка од 770 евра. И на најголемата охридска компанија сопственик е жена – Весна Трпеска.

Најголемата тетовска такси компанија лани имала приход од 178.000 евра. Таа се вика Линк Такси и нејзината добивка изнесува 2.000 евра. Таа е во сопственост на семејството Шабани: Бардул, Авни и Шемседин.

Кавадаречката компанија има оригинално име: Такси Веднаш. Нејзин сопственик е Методи Сапунџиев, а лани остварила приход од 196.000 евра и загуба од 58.000 евра.

Најпрофитабилна такси служба лани била скопската компанија „1-2-3 Такси“ со седиште во скопски Чаир, сопственост на Башким Исенов. Нејзиниот приход е 193.000 евра, а профитот е 50.000 евра.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра