21 Декември, 2024
0.1204

КОЈ ПЛАТИ НАД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА ЗА 7,4 ОТСТО ОД АКЦИИТЕ НА „РЕПЛЕК“ - сопственички промени во фармацевтската компанија

Објавено во: Економија 06 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

Иако поситни промени во акционерската структура на „Реплек“ се случуваа континуирано, завчерашниот ден беше навистина бурен од тој аспект.

Имено, преку две берзански блок трансакции беа продадени 7,4 проценти од акциите на фармацевтската компанија, а некој за овој акционерски пакет плати 2,12 милиони евра.

Кој или кои ги продале, а кој или кои ги купиле акциите ќе се дознае после неколку дена, откако промените ќе бидат регистрирани на Централниот депозитар за хартии од вредност, а објавата сигурно и компанијата ќе ја сподели преку Берзата како ценовно чувствителна информација.

Она што се случило во понеделникот на берзата се две блок трансакции.

Во првата се продадени 800 акции на „Реплек“, по цена од 68 илјади денари за акција, додека, пак, по истата цена се продадени и 1.115 акции на истото акционерско друштво.

Или, вкупната сума на двете трансакции е 2,117 милиони евра, а ако се земе предвид вкупниот број издадени акции на „Реплек“, може да се направи математика дека продадената количина е 7,38 проценти од вкупниот акционерски капитал.

Инаку, ако се види како се движела цената на последните редовни тргувања, таа е околу 80 илјади денари за акција.

Инаку, според последната состојба што ја покажува Централниот депозитар, значи пред да се случи оваа блок трансакција, акционерската структура на „Реплек“ била следнава.

Душан Пецовски, кој е и претседател на Управниот одбор, бил најголем акционер и тој поседува 11,98 отсто од акциите. Веднаш зад него е Славица Туџарова-Трајковска, со 10,46 отсто од акциите.

Компанијата „Настел“ на бизнисменот Зоран Азманов располага со 9,38 проценти од акциите. Следува Сава Пензиски фонд со 6,4 проценти.

Додека, пак, Владимир Пецовски, брат на Душан Пецовски има на располагање 6,19 отсто од акциите.

Потоа, 6,13 отсто од акциите има трговската фирма Ситко Антонио ДООЕЛ Скопје, а како сопствени акции самиот „Реплек“ поседува 5,06 отсто од акциите.

Дали и кој од овие сопственици купил или продал или тоа го направиле поситните акционери, би требалио да се знае веќе во понеделник.

За сите претходни промени компанијата уредно ја известуваше јавноста, при што главно продаваше акционерката Туџарова, а купуваа Душан и Владимир Пецовски.

Инаку, компанијата „Реплек“ годинава продолжува со успешното работење. Во првите шест месеци од годинава компанијата оствари раст на вкупните приходи во сегментот фармација од 32 отсто. Најголем удел во растот има продажбата на странски пазари, каде растот изнесува над 40 проценти во споредба со истиот период од минатата година, а раст има и на домашниот пазар.

„Реплек“ исплати дивиденда од 1.800 денари по акција за своите акционери за 2022 година. Тоа следуваше откако минатата година акционерите не добија дивиденда. Од годинава па сѐ до 2027 година се предвидува зголемување на дивидендата, која за 2023 година најмалку ќе изнесува 2.000 денари, а во 2027 година треба да достигне најмалку 6.000 денари по акција.

Во јануари Реплек ја потврди информацијата дека земјиштето на маркетот Хубо е продадено на Систина, каде што оваа болница планира да изгради голем медицински центар. За тоа компанијата наплати околу 1,5 милиони евра.

Во април лани Реплек свечено отвори нови погон во компанијата, во чија изградба се вложени околу три милиони евра. Новиот погон се протега на површина од 600 м2 и овозможува двојно зголемување на капацитетот за производство на полуцврсти дозажни форми.

Инаку, во октомври 2021 година Душан Пецовски беше назначен за генерален директор на „Реплек“, кога беше избран и за претседател на новиот Управен одбор на фармацевтската компанија. Тогаш престана долгогодишното менаџирање на „Реплек“ од страна на семејството Туџарови.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ТРЕБА ДА СЕ ЗАГРИЖАТ МАКЕДОНСКИТЕ ПЕЧАЛБАРИ - компаниите во Германија сѐ повеќе отпуштаат работници

ДАЛИ ТРЕБА ДА СЕ ЗАГРИЖАТ МАКЕДОНСКИТЕ ПЕЧАЛБАРИ - компаниите во Германија сѐ повеќе отпуштаат работници

СИТЕ ДЕТАЛИ НА ПРОГРАМАТА СТАНОВИ ЗА МЛАДИ ВО СРБИЈА: Ратата за кредит во првата година ќе биде помала од 100 евра

СИТЕ ДЕТАЛИ НА ПРОГРАМАТА СТАНОВИ ЗА МЛАДИ ВО СРБИЈА: Ратата за кредит во првата година ќе биде помала од 100 евра

Формиран Бизнис совет на Хајделберг факултет Скопје за соработка меѓу академијата и бизнис секторот

Формиран Бизнис совет на Хајделберг факултет Скопје за соработка меѓу академијата и бизнис секторот

WIZZ AIR БИ МОЖЕЛ ДА ОТВОРИ БАЗА ВО РЕГИОНОТ - еве кој аеродром е во многу напредни преговори со Унгарците

WIZZ AIR БИ МОЖЕЛ ДА ОТВОРИ БАЗА ВО РЕГИОНОТ - еве кој аеродром е во многу напредни преговори со Унгарците

ФОЛКСВАГЕН ПОСТИГНА ДОГОВОР СО СИНДИКАТОТ - божикно чудо после рекордно долги преговори, еве што е одлучено

ФОЛКСВАГЕН ПОСТИГНА ДОГОВОР СО СИНДИКАТОТ - божикно чудо после рекордно долги преговори, еве што е одлучено

СКРАТЕНА РАБОТНА НЕДЕЛA: Шпанците ќе работат по 37.5 часа

СКРАТЕНА РАБОТНА НЕДЕЛA: Шпанците ќе работат по 37.5 часа

Средба на директорите на македонската и грчката царина: Ќе работиме на нови иницијативи кои значително ќе ја забрзаат трговијата

Средба на директорите на македонската и грчката царина: Ќе работиме на нови иницијативи кои значително ќе ја забрзаат трговијата

ЗЛАТОТО ЌЕ ПОСКАПУВА: Moже ли да достигне 2.900 долари за унца?

ЗЛАТОТО ЌЕ ПОСКАПУВА: Moже ли да достигне 2.900 долари за унца?

Божиновска бара да се зголеми надоместокот од концесија за рудниците

Божиновска бара да се зголеми надоместокот од концесија за рудниците