07 Октомври, 2024
0.0262

Кој пратеник се гони во случајот „Моќник“ кој го отвори СЈО?

Објавено во: Македонија 21 Март, 2018

Добивај вести на Viber

„Моќник“ е кодното име на случајот кој го отвори Специјалното јавно обвинителство за основаното сомнение дека под влијание на моќен пратеник, по ниска цена се распродавал општински имот во Македонски Брод за негови блиски роднини.

Истрагата во случајот Моќник се води против 13 лица, а сомнението е дека е нанесена штета од околу 50.000 евра. Во случајот, меѓу другите, се осомничени тогашен пратеник, неговиот татко и градоначалникот на општината Македонски Брод.

Второосомничениот, односно таткото на пратеникот, побарал да го купи задружниот дом во с. Ижиште, во општина Македонски Брод, за да отвори сопствен бизнис, по што градоначалникот на Македонски Брод на советот на општината предложил да му се продаде објектот, иако знаел дека всушност се продава зградата во која е сместена администрацијата и градоначалникот на општина Пласница.

Обвинителката Фатиме Фетаи од СЈО рече дека огласот не бил објавен во Службен весник, па како понудувач се појавил само таткото на пратеникот, кој го знаел датумот и го купил објектот за 1.795.800 денари, односно само 670 денари повеќе од почетната цена.

Со анекс го купил и земјиштето за 100 денари по квадратен метар, иако таму цената била по 400 денари за квадратен метар.

Пратеникот знаејќи дека градоначалникот на Пласница има близок судија во Кичево, како претседател на собраниската Комисија за надворешна политика, побарал листрација на судијата. Лустрациска, според СЈО, донела нарачана одлука и го лустрирала, а судијата најпрво бил времено оддалечен од функцијата, а потоа Судскиот совет и трајно му ја одзел функцијата.

Меѓу осомничените во оваа истрага има и членови на Комисијата за лустрација.

Можеби ќе ве интересира

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

И ВО ГОСТИВАР ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ: Тетово се снабдува со намалено количество вода

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

TAКСИСТИ ШТО МАМАТ, КУЧИЊА СКИТНИЦИ, НЕМАЊЕ ИНФОРМАЦИИ OНЛАЈН ЗА ПРЕВОЗOT: Tуристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

ЕВЕ ШТО ВЕЛИ ДИМИТРОВ: „Има за што да се преговара со Бугарија“

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

МИЦКОСКИ НАБРОЈА СО КОИ ЗЕМЈИ МАКЕДОНИЈА ЧЕКАЛА НА РЕД ЗА ПОЧЕТОК НА ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Станува збор за шест земји зад кои остана Македонија

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

НОВАТА ВЛАДА ПОВЕЌЕ МУ СЕ ДОПАЃА НА КУРТИ: Еве што кажа косовскиот премиер

ПРЕТСТОИ „ЖЕШКА НЕДЕЛА“: Мини лето од денес во земјава

ПРЕТСТОИ „ЖЕШКА НЕДЕЛА“: Мини лето од денес во земјава

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника