Кој прави топ коктел-ќе се бира најдобриот македонски бармен!
Објавено во: Стил 23 Април, 2013 18:49
Од 25 до 27 април во Скопје ќе се одржи Шестото државно првенство на бармени. Според најавите на организаторот, натпреварувачкиот дел на првенството во Метрополис Арена кое е дел од Меѓународниот саем за туризам, ќе почне на 25 април во 11 часот со квалификации, а финалето во класична подготовка и флертендинг е предвидено во 16 часот, истиот ден.
Победникот од првенството, кое е во организација на Здружението на бармени на Македонија, патува на меѓународниот натпревар "World Coctail and Flair Tending Competition“ во Прага, Чешка Република.
Според Здружението на бармени, менаџерите на кафе-баровите се повеќе покажуваат интерес за коктел-мајсторите, а агенциите за посредување за работа во странство во сегментот угостителство, потврдуваат дека оваа професија е виза за подобар почетен статус. Со своето делување, сметаат од Здружението, го подигнале нивото на угостителството во државата.
Здружението на бармени на Македонија како непрофитна и невладина организација постои од 2005 година, а од 2007 е полноправен член на Меѓународната асоцијација на бармени.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





