04 Мај, 2024
0.0253

Кој работи повеќе, жените или мажите?

Објавено во: Стил 28 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Мажите секој ден имаат половина час повеќе слободно време од жените, потврди истражувањето на Организацијата за економска соработка и развој . Оваа организација спроведе истражување во своите земји членки (30 главно економски развиени држави) и дојде до заклучок дека мажите имаат повеќе време за гледање телевизија, дружење, спорт и хоби, додека жените повеќе работат. - Владите и компаниите би требало да поттикнуваат еднаквост на половите, се вели во извештајот и се апелира на вложување напори, за жените да бидат еднакви. Меѓутоа ако се земат предвид претходните извешта на оваа организација, заклучоците би биле нешто поинакви. Во претходните извештаи активностите како купување, разубавување или подолга пауза за ручек, беа пресметани како „работа“, а не како „слободно време“. Доколку и тие активности се сметаат за одмор и задоволство, тогаш еден Британец, на пример, би имал само 10 минути повеќе време за одмор од жената. Вака, „во сила“ се податоци кои велат дека просечен Британец дневно има 32 минути повеќе слободно време од Британката, Французот 33, Германецот 22, а Италијанот дури 80 минути повеќе слободно време од Италијанката.